Денови на фотографија

Од 15 октомври до 15 ноември 2014 год. сите љубители на добрата фотографија, аматери и професионалци, ќе можат да учествуваат на фото – натпреварот со авторски фотографии со овековечени моменти одконцерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.


Еуролинк осигурување го објави својот прв голем фото – натпревар во рамките на проектот „Денови на фотографијата“. Почнувајќи од 15 октомври 2014 и користејќи ја фотографијата како израз за да се илустрира „Емотивната страна на културата“ Еуролинк ги поканува сите аматери и професионалци, да испраќаат фотографии со најемотивните моменти одконцерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.

Периодот на пријавување е до 15 ноември 2014 год. на Facebook фан страната на Еуролинк осигурување:www.facebook.com/eurolinkmk.

Пристигнатите авторски фотографии ќе бидат разгледани од страна жири – комисија, составена од етаблирани професионални фотографи и фото уредници. Тие ќе одлучат за најдобрите три фотографии, на чии автори ќе им бидат доделени вредносни ваучери во висина од 60.000 денари, 30.000 денари и 15.000 денари.

Исто така, преку јавно гласање за најдобрите фотографии на Facebook профилот на Еуролинк осигурување, и заедно со одлука на стручното жири ќе бидат селектирани 30 најдобри фотографии кои понатаму пред јавноста ќе бидат претставени на изложба, која ќе има продажен карактер и која ќе биде отворена на 20 ноември во фоајето на Македонската опера и балет во Скопје. Собраните средства од продажната изложба на фотографиите, ќе бидат донирани во одделот за Дигитални уметности (фотографија) во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

Најдобрите 12 фотографии,што ќе содржат своја уникатна интерпретација на „Емотивната страна на културата“ преку фотографскиот објектив, ќе бидат дел од календарот за 2015 година, чија промоција ќе биде во втората половина од декември 2014 год.

„Денови на фотографијата“е дел од платформата за општествена одговорност “Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности”чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура и уметност.

ПРОПОЗИЦИИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

1.     Организатор на наградниот фото-конкурс е „Еуролинк осигурување„ АД – Скопје, со матичен број 5702950, (во понатамошниот текст Организатор).

2.     Пријавите со фотографиите за Конкурсот ќе бидат примани почнувајќи од 15.10.2014 год, заклучно со 15.11.2014 год. до 23:59 часот. Сите фотографии кои ќе бидат испратени по овој термин, нема да учествуваат на Конкурсот.

3.     Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија.

4.     Конкурсот е отворен за сите заинтересирани аматери и професионални фотографи кои имаат за задача да испраќаат фотографии на тема: „Емотивната страна на културата“.

5.     Еден учесник на Конкурсот може да пријави најмногу пет (5) фотографии.

6.     Фотографиите кои ќе бидт испратени на Конкурсот, не смеат претходно да бидат објавувани.

7.     Дигиталните фотографии треба да бидат доставени со праќање порака на Fаcebook профилот на Организаторот.

8.     Јавното гласање за најдобрите фотографии ќе се одвива преку Фејсбук профилот на Организаторот. Се гласа со лајкување на одредена фотографија, веднаш по објавувањето на фотографијата на Фејсбук профилот на Организаторот.

9.     Стручното жири во состав од Томислав Георѓиев, Роберт Атанасовски и Огнен Теофиловски ќе одлучи за најдобрите три фотографии, чии автори ќе ги добијат трите главни награди, како и за останатите 27 кои ќе учествуваат на изложбата и 12 –те кои ќе бидат објавени во календар.

10.  На авторите на најдобрите три фотографии од Конкурсот ќе им бидат доделени вредносни ваучери во висина од 60.000 денари за прва, 30.000 за втора награда и 15.000 за трета награда.

11.  Најдобрите 12 фотографии ќе бидат употребени за печатење на календар за 2015 година.

12.  Најдобрите 30 фотографии ќе бидат селектирани за изложба со продажен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани во одделот за Дигитални уметности, фотографија, во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

13.  Финалистите ќе бидат поканети да поднесат фотографии со висока резолуција како фајлови подготвени за репродукција и печатење. Форматот може да биде JPG.

14.  Фотографиите прво треба да се праќаат до 1МБ фајл, тие што ќе влезат во потесен избор, ќе треба да го достават оргиналниот фајл што ќе биде доволен за печатење.

15.  Подносителот на фотографијата, под целосна материјална и кривична одговорност, потврдува дека е автор на фотографијата. Организаторот не одговара во случај на спор во однос на авторски права. Потенцијалната награда/фондќе биде исплатенана подносителот на фотографиите.

16.  Не е дозволено копирање и умножување на таквата содржина без дозвола на авторот. Организаторот ќе побара писмена дозвола од авторите на селектираните  фотографии што ќе ги печати во календар, ќе ги изложува и ќе ги продава на изложба, а средствата ќе бидат донирани во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

17.  Oрганизаторот од авторите ќе побара отстапување без надоместок.

18.  Организаторот го задржува правото да не ја прифати фотографијата, за која смета дека технички не ги задоволува минимум критериумите што ги одредува конкурсот, без посебно објаснување.

19.  Не е прифатлива промена на содржината како и промена на дигиталните датотеки, вклучувајќи комбинирање на повеќе фотографии.

20.  Дозволено е сечење на фотографијата, корекции на боја и тоналитет се прифатливи. Граници, рамки, текст и други графички третмани не се дозволени.

21.  Организаторот гo задржува правото за дисквалификација на кандидатите кои по барање на организаторот, нема да ги достават фајловите со висока резолуција на фотографија од најмалку 300 dpi на 13x18cm.

22.  Фотографиите со навредлива или порнографска содржина ќе бидат дисквалификувани од Конкурсот.

23.  Користењето на сите видови компјутерски кодови, вируси и сл. што може да му смета, да го оневозможи или злоупотреби гласањето не се дозволени. Таквите постапки можат да водат до елиминација на учесниците од натамошното натпреварување. Доколку постои сомнение дека некој од учесниците фабрикуваат гласови (нагли промени на бројот на гласови, или други какви било сигнали за манипулација), Организаторот го задржува правото да ги дисквалификува од Конкурсот и да ги занемари нивните гласови без натамошно објаснување.

24.  Поставување на коментари и дискусија се дозволени во текот на траењето на конкурсот, доколку се во границите на пристојноста и не содржат навредливи пораки на расна, верска, национална, полова или друга дискриминаторска основа.

25.  Испратените фотографиите мораат да бидат авторски, односно пријавените учесници да бидат автори на фотографијата со која конкурираат за награда. Оној кој ќе испрати своја фотографија на Конкурсот мора да има неотуѓиви права над таа фотографија, кои се дефинирани со важечките закони за авторски права.

26.  Не е дозволено копирање и умножување на таквата содржина без дозвола на авторот. Организаторот ќе побара писмена дозвола од авторите на селектираните  фотографии што ќе ги печати во календар, ќе ги изложува и ќе ги продава на изложба, а средствата ќе бидат донирани во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

27.  Организаторот нема да биде одговорен во случај на повреда на авторските права на трето лице.

28.   Доколку Организаторот се посомнева дека некој праќа фотографија за која нема авторско право, може да побара дополнителен доказ за авторството или без натамошно објаснување да не ја земе предвид, фотографијата за учество на Конкурсот.

29.  Учесникот на Конкурсот мора да биде подготвен на барање од Организаторот да достави фотографија во висока резолуција или изворен фајл како доказ за авторство.

30.   Организаторот има право на користење на сите објавени фотографии во рамките на Конкурсот, за натамошна промоција на фото – конкурсот во кој било облик и во кој било медиум. При тоа, Организаторот ќе настојува да се наведе името на авторот, но не одговара во случај доколку уредувачката политика на некој медиум тоа не го дозволи. При вакво користење, Организаторот се ослободува од какви било барања од страна на авторот на фотографијата на фото – конкурсот.

31.  Финалето ќе се одржи на 17.11.2014 год. кога ќе бидат објавени победниците на Конкурсот.

32.  Рокот на подигнување на наградите е 30 дена од датумот на прогласувањето. По 30 дена, Организаторот го задржува правото да не му ја додели наградата на добитникот.

33.  Сите жалби ги решава Организаторот на конкурсот. Жалбите се испраќаат по електронска пошта на и меил адресата: eurolinkblog@gmail.comво рок од 48 часа од моментот на објавување на победникот. Организаторот се обврзува дека основаните жалби ќе ги разгледа и ќе одговори по нив во рок од пет (5) работни дена од доставувањето на жалбата.

34.  Непридржувањето на горенаведените правила подлежи на дисквалификација од фото – конкурсот.