Меѓународен економски форум “ Перспективи”, Меѓународен клуб на лауреати “Создавачи за векови” ,Мрежа на млади претприемачи 4Е – Економија, Енергија, Екологија, Европа 2050” и Меѓународниот комитет за доделување награда и признание од Република Хрватска, “Создавачи за векови”, на Еуролинк осигурување му додели “Награда и признание за придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа во 2018 година”.
Воедно, Меѓународниот комитет, анализирајќи го работењето на компанијата во 2018 година, територијалната застапеност и достапноста на услугите донел одлука да додели уште 2 престижни награди и тоа: “Голема награда и признание за придонес во развојот на претприемништовото во СЈИ Европа за 2018 година” лично на претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување , Олга Костовска и на претседателот на Управен одбор на Еуролинк осигурување , Марија Томеска.
“Нашиот Еуролинк, континурано расте и јакне што е резултат на несебични залагања на сите вработени, способноста на менаџерскиот тим и довербата на сите наши ценети клиенти и соработници. Оваа награда им припаѓа на сите кои веруваат во внатрешните капацитети на компанијата, кои со голема доверба и лојалност ни ја доверуваат заштитата на највредните нешта во животот. Голема е одговорноста која ни е дадена и со сета наша волја, сила и желба да го подобриме животот на сите околу нас продолжуваме во остварување на оваа голема визија. Да испишеме заедно уште многу успешни приказни” изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.
,,Признанието е потврда за уникатноста на стратегијата и способноста на Еуролинк да креира долгорочен и здрав раст, фокусиран на воведување нови продукти и иновации во услугата. Во тоа светло компанијата го гради своето реноме: финансиски стабилна и иновативна на пазарот со уникатни продукти и услуги. Како во изминативе 16 години, така и во иднина фокусот на нашиот тим ќе биде насочен кон подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани. Оваа награда е само потврда дека сме на вистинскиот пат’’изјави Марија Томеска, претседател на Управен одбор на Еуролинк осигурување.
Трите награди ќе бидат доделени на 6-от Регионален Самит на претприемачи во Средна и Југоисточна Европа “300- те Најдобри”во март, во Дубровник, Република Хрватска.