ДОМИ КОМПЛЕТ
Што е ДОМИ Комплет полисата?
ДОМИ Комплет е продукт за осигурување на домот што овозможува целосна заштита на градбата, покуќнината и опремата во домот. ДОМИ Комплет покрива пожар, кражба, поплава… обезбедува заштита од одговорност кон трети лица и многу повеќе.
ДОМИ Комплет во пакетот ги вклучува следните полиси:
Осигурување
на дом и
покуќнина
Осигурување од незгода на сите членови на домаќинството
Осигурување од одговорност кон трети лица
Патничко осигурување за дел од членовите на семејството
3.000
мкд/годишно
4.600
мкд/годишно
7.000
мкд/годишно
Специјални понуди
Ја наградуваме вашата доверба!
Со скучување договор за лојалност на 3 години, достапни ви се следните можности:
- Со осигурување на автомобил од автоодговорност, добивате ДОМИ Комплет полиса за 2.000, 3.000 или 4.000 денари за првата година и подарок ваучер од 1000 денари. Преземи ја понудата.
- Повластена цена за ДОМИ Комплет полиса за 2.500, 3.500 или 4.500 денари за првата година. Преземи ја понудата.
Со скучување договор за лојалност на 5 години, достапна ви е следната можност:
- Со осигурување на автомобил од автоодговорност, добивате ДОМИ Комплет полиса за 2.000, 3.000 или 4.000 денари за првата година и подарок ваучер од 2000 денари. Преземи ја понудата.
Овие специјални понуди важи за сите три пакети и за сите станбени објекти. Побарајте го вашиот консултант за осигурување за да склучите полиса со договор за лојалност под овие услови!
Сведоштво
на осигуреник кој имал станбено осигурување ДОМИ Комплет
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Во случаи кога може да настане делумна и целоста штета на градежната структура на станот или куќата, ДОМИ Комплет станбеното осигурување финансиски ќе ви помогне да ја надокнадите штетата. Штета на градежната структура може да настане од различни причини, како што се пожар, гром, луња, поплава од инсталациите во домот, при демонстрации и во сите овие случаи, доколку ви е домот осигуран, може да побарате финансиска надокнада за да ги поправите штетите.
Предметите во домаќинството можат да бидат оштетени или целосно изгубени од истите причини од кои може да настрада градежната структура на домот, но и од кражба и разбојништво. Доколку имате обезбедено ДОМИ Комплет станбено осигурување навреме, ќе имате финансиска потпора за да ја надокнадите штетата.
Соседите и добрите односи со нив секако го збогатуваат секојдневието на секој дом. Несаканите штети во домот лесно и брзо можат да се пренесат кај соседите, без да имате можност да ги спречите, па покрај тоа што треба да се грижите како да поправите во вашиот дом, дополнителен терет ви е и штетата што сте ја причиниле кај соседот. ДОМИ Комплет станбеното осигурување го зема ова предвид, и ќе ви обезбеди финансиско покритие за санирање на штетата кај соседот и со тоа за полесно справување со ситуацијата.