Еуролинк осигурување АД Скопје во првиот квартал од оваа година покажа одлични резултати со што ја освои првата пазарна позиција со учество од 14,55% на целокупниот пазар за неживотно осигурување во Република Северна Македонија. Бруто-полисираната премија за првите три месеци од 2020 година изнесува 315.296.000 денари. Во рамки на првите три месеци, Еуролинк останува пазарен лидер во класата на осигурување од несреќен случај – незгода, а првата позиција ја одржува веќе 12 години по ред и по основа на осигурување од општа одговорност.
Во согласност со плановите за раст на компанијата, во 2020 година Еуролинк осигурување ја зголеми и својата продажна мрежа со три нови филијали, и тоа прва во Крушево, прва во општина Карпош и втора филијала во Прилеп. Со ова вкупниот број на подружници се зголеми на 33, а се зголемува и бројот на нови консултанти за осигурување кои ќе бидат на услуга на клиентите.
Иновативноста продолжува да биде присутна во сите сегменти на работењето на компанијата. Вложувањето во нови технологии доведе до проширување на изборот на осигурителни продукти достапни преку првата интернет-продавница. Имено, покрај досегашните полиси за автоодговорност, осигурување на домот и патничко осигурување, граѓаните сега можат лесно и брзо да купат полиса за приватно семејно здравствено осигурување. Дополнително, следејќи ги светските трендови Еуролинк отиде чекор напред во својата дигитална трансформација преку отварање на првата онлајн филијала за осигурување преку која консултантите за осигурување се достапни за клиентите во време и место по нивен избор.
По првиот успешен квартал од 2020 година, амбициите на Еуролинк осигурување се насочени кон одржување на првата пазарна позиција до крајот на годината, како и кон остварување на предвидениот пораст во сите класи на неживотно осигурување.