Еуролинк осигурување одбележа 20 години работа на македонскиот осигурителен пазар, во присуство на над 700 гости, меѓу кои вработени, клиенти, членови на Надзорниот одбор и колеги од сестринските компании од групацијата ГРАВЕ.
Еуролинк осигурување е основана на крајот на 2002 година со само 13 вработени и една канцеларија. Компанијата многу брзо прерасна во една од најзначајните и најголемите осигурителни компании на пазарот. Препознатлив по својата иновативност, Еуролинк континуирано воведува новини кои го обликуваат и развиваат македонскиот осигурителен пазар.
Компанијата официјално ја прослави својата 20-годишнина во Скопје на 9 ноември заедно со над 700 гости, меѓу кои вработени, клиенти, членови на Надзорниот одбор и колеги од сестринските компании од групацијата ГРАВЕ. Гостите уживаа во уникатен мултимедијален перформанс проследен со музички изведби во живо.
Од своите почетоци до денес, Еуролинк осигурување опслужила повеќе од 630.000 корисници, има издадено над 2,2 милиони осигурителни полиси и има исплатено повеќе од 4,8 милијарди денари во штети кон граѓаните и фирмите.
Г-ѓа Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување, им посака добредојде на гостите во името на Еуролинк и ја истакна огромната благодарност до сите чинители кои не штедеа напори и беа ентузијастички посветени на подигање на Еуролинк осигурување во изминатите 20 години.
„Многубројни се успесите кои заедно сме ги постигнале за 20 години. Започнавме со годишна премија од само 80 милиони денари, а сега достигниваме годишна премија од над 1,1 милијарда денари. Почетоците ни донесоа 80 штети, а сега веќе сервисираме повеќе од 15.000 штети годишно. Почнавме како најмала компанија со пазарно учество од 2%, сега сме втора по големина компанија со 12,3% пазарно учество.’
Благодарноста за овие успеси дава смисла за минатото, носи мир во сегашноста и создава визија за иднината. Остануваме посветени на подобрување на животите на сите до кои допираме, преку изнаоѓање нови најлесни решенија за потребите на клиентите и најдобар грижлив однос кон вработените. Остануваме посветени на Вашата сигурност и наредните 200 години. Остануваме секогаш покрај Вас“ – рече г-ѓа Томеска во своето обраќање.
д-р Отмар Едерер, претседател на Управниот одбор на GRAWE Vermögensverwaltung и независен член на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување, им посака добредојде на гостите во име на групацијата ГРАВЕ: „Многу сме среќни што станавме сопственици на Еуролинк пред речиси 3 години и со тоа успеавме значително да ја прошириме и зајакнеме нашата пазарна позиција во Република Северна Македонија. Соработката функционираше исклучително добро уште од првиот момент и за ова сакам да се заблагодарам на менаџерскиот тим под раководство на г-ѓа Томеска како и на сите вработени.
Исто така, би сакал да им се заблагодарам на сите клиенти кои продолжија да ја даваат својата доверба на Еуролинк, дури и со новиот сопственик ГРАВЕ. Еуролинк и ГРАВЕ ќе дадат сè од себе за да продолжат да ја оправдуваат оваа доверба“. – рече д-р Едерер и им се заблагодари на сите што се приклучија на прославата по повод 20 години Еуролинк осигурување.
Годината во која Еуролинк осигурување одбележува 20 години од своето основање е исполнета со бројни активности посветени на клиентите, вработените и општеството во целина.