ЕУРОЛИНК СО ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ – ПРВАТА ГОДИНА ПОЛИСА ЗА 1 ДЕНАР

Еуролинк осигурување го промовираше својот нов продукт за осигурување од професионална одговорност – пакетот 2+1 Smart Choice(Мудар избор), со кој обезбедува правна помош, заштита и надомест на штети на осигуреникот во судска постапка, како и исплата на надомест на штети кон трети лица настанати при професионално работењето со клиентите.  

Новина е што оваа со оваа програма за лојалност „2+1“, полисата за заштита на професионалност чини само 1 денар за првата година. Според официјалните податоци од Агенцијата за супервизија во осигурувањето, Еуролинк е лидер во осигурувањето од одговорност,

„Глобализацијата на пазароти подигнувањето на свеста на потрошувачите за нивото и квалитетот на добиената услуга, го изострипрашањето за одговорност инадомест на штети предизвикани при вршење на дејносткон трети лица. Доколку дојде до судски процес, а пресудата е во корист на третото лица, тогаш со полисата се надоместува штетата и се овозможува понатамошно опстојување на компанијата. Сме имале случаи кога досудената отштета изнесува и до 1.000.000 евра, сума која сериозно може да влијае врз работата на компанијата, а во некои мали фирми да доведе и до нивно целосно згаснување“, изјави Марија Томеска, Претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување. Таа додаде дека со ова осигурување многу лесно може да се договори вонсудска разврска во која клиенти ќе бидат задоволни и ќе нема финансиски последици врз бизнисот, токму заради фактот што професионалната одговорност била осигурена.

Ваквото осигурување станува се поактуелно поради тоа што тоа што полисата за осигурување од професионална одговорност е законска обврска за сите правни субјекти кои вршат интелектуални услуги –  општи и стоматолошки ординации, аптеки, клинички испитувања на лекови и медицински помагала, туристички агенции, адвокати, нотари, сметководители, геодети, ревизори, извршители и друштва за проектирање, ревизија, надзор над изградба. Полисата за осигурување од професионална одговорност е задолжителна при аплицирање и продолжување на лиценцатаза вршење на било која од погоренаведените дејности и сите кои спаѓаат во интелектуални услуги.

Светските искуства зборуваат дека секоја компанија која работи сериозно и професионално, незамисливо е да функционира без осигурување од професионална одговорност. Тоа е единствена гаранција за надомест на штети за грешки во работењето кои имаат финансиски последици врз нивните клиенти.