Еуролинк осигурување А.Д. Скопје е спонзор на 52 – то издание на фестивалот посветен на уметниците и уметничките вредности, „Охридско Лето“ 2012. Осигурителната компанија ќе обезбеди финансиски средства за покривање на трошоците поврзани со одржување на прекрасни настани, врвни уметнички содржини од областа на музиката, театарот, оперската и балетската уметност, како и „offпрограмата“.
Оваа година љубителите на музичката, театарската и друг вид уметности од 12 – ти јули до 20 – ти август, во Охрид, ќе можат да уживаат во богатата уметничка програма на една однајзначајните културни манифестации во Македонија.
„Чест ни е што имаме можност да дадеме придонес и да го помогнеме одржувањето на оваа голема културна манифестација. „Охридско Лето“ е фестивал со голема традиција и во креирањето на неговата богата програма учествуваат уметници од целиот свет. Среќни сме што имаме шанса да бидеме дел од овој спектакуларен културен настан.“ – изјави извршниот директор на Еуролинк, Александра Наќева Ружин.
Еуролинк осигурување АД Скопје уште еднаш ја потврдува улогата на покровител на настани кои се од особена важност за Република Македонија. Осигурителната компанија ќе остане верен партнер и помагач на домашните културни манифестации.
http://www.ohridskoleto.com.mk/single.php?lang=mk&idpg=6