ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊе

Еуролинк Осигурување го обезбедува вашиот дом и вредните нешта во вашиот живот, и со полисата за домаќинско осигурување ви гарантира „покрив над глава“ во критичните моменти.

Во зависност од вашите потреби и можности, може да изберете осигурување само од основни ризици или истите да ги проширите со дополнителните ризици.

Основни ризици: Дополнителни ризици:
  • Пожар и удар од гром;
  • Експлозија;
  • Луња и град;
  • Манифестација и демонстрација;
  • Излевање вода од водоводна и канализациска инсталација;
  • Паѓање на воздушни летала;
  • Провална кражба и разбојништво;
  • Одговорност кон трети лица;
  • Трошоци за нужно сместување.
  • Поплава, порој и високи води;
  • Слегнување на земјиште;
  • Снежна лавина;
  • Земјотрес;
  • Стакло од кршење.

       Со полисата за домаќинско осигурување осигурени се градежниот објект, мебелот, како и техничката и компјутерската опрема.

       Според висина на покритијата и вашите можности, креиравме три вида полиси за домаќинско осигурување: СТАНДАРДКОМФОР и МЕГА.

       Во Табелата се дадени покритијата за секој од видовите посебно.

ШТО Е ОСИГУРЕНО?

СТАНДАРД

КОМФОР

МЕГА

Уметнички слики и скулптури

до 300 евра

до 1.000 евра

до 2.000 евра

Техничка опрема

до 500 евра

до 700 евра

до 900 евра 

Нужно сместување

до 750 евра

до 1.200 евра

до 2.000 евра

Провална кражба и развојништво

до 1.000 евра

до 6.500 евра

до 7.500 евра

Пари и други скапоцености во заклучени сефови

до 150 евра

до 300 евра

до 500 евра

Пари во незаклучени сефови

/

/

до 100 евра

Оружје со уредна дозвола

/

до 500 евра

до 500 евра

Накит и други скапоцености во заклучени сефови

/

до 250 евра

до 1.500 евра

Промена на брава во случај на изгубени клучеви при штетен настан

/

до 100 евра

до 200 евра

Ненаселени објекти и викендици

со 50% доплаток

со 50% доплаток

Не се осигуруваат

Трошоци за копање и замена на цевка

/

/

до 200 евра

Вредност на опремата (непопишан имот)

мин 30% 

макс 70%

мин 30% 

макс 80%

мин   30% 

макс 100%

Побарајте го вашиот агент за осигурување за точна пресметка и понуда, или купете домаќинско осигурување преку нашата веб продавница Е-ПОЛИСА со 10% попуст.