1. Од 2012 година за првпат во Македонија започнавте со онлајн продажба на полиси. Од тогаш досега сте сé уште единствената компанија која поседува веб продавница за осигурување. Колкав е интересот на вашите корисници да ја применуваат оваа услуга?
Свесно влеговме во проектот, знаејќи и препознавајќи ги потребите на денешниот модерен човек на кој единствено нешто што му недостасува е доволно време.
А,ние го штедиме времето на нашитеонлајн корисници, чијшто број расте од ден на ден и овозможуваме 24/7 достапност до полиса, во време и место кое најмногу им одговара.Иако овој начин на продажба е сèуште недоволно експлоатиран, растечкиот интерес и позитивните искуства на нашите корисници нè мотивираа за понатамошно зголемување на палетата на услуги кои се нудат на нашата веб продавница.
2. За кои полиси за осигурување постои најголем интерес?
Најчесто барани се полисите за патничко осигурување кои доминираат во онлајн продажбата. Нашите клиенти сè повеќе ги чуствуваат предностите од обезбедување патничко осигурување онлајн, особено пред заминување на летните одмори кога се соочуваат со недостиг од време за сите потребни подготовки.
3. На пазарот сте присутни веќе 10 години. Доколку направите мала ретроспектива и споредба на Еуролинк во периодот кога започна со работењто и денес каква слика ќе добиете, во што прерасна вашата осигурителна компанија?
Почнавме со јасно определени стратешки цели и голема посветеност. Постојано работевме на поставување и континуирано усовршување на работните процеси и проширување на тимот со квалитетни луѓе. Стекнавме углед на компанија која е достапна 24/7, професионална во секој сегмент на своето работење и посветена на своите клиенти.
За тоа сведочат над 300.000 наши лојални клиенти, уникатноста на понудата, како и втората позиција на осигурителниот пазар.
4. Како извршен директор на една сериозна компанијаа колку е тешко или лесно да се одговори на предизвиците кои ги носи професионалниот и приватниот живот. Како се снаоѓате?
Предизвиците на професионално и приватно поле се секојдневни и неизбежни. Ги прифаќам во од, без огледна нивната тежина и сметам дека ја формираат разноликоста и динамичноста во животот и континуирано нè учат да бидеме подобри. Се снаоѓам користејќи ги стекнатото знаење и вредности, вродената интуиција , вложувајќи се максимално во секоја работа и, секако, со поддршка на мојот тим и моето семејство.