„Еуролинк осигурување“ организира:
Бесплатна тура низ музеите во Скопје за сите љубители на уметноста
Еднодневна организирана и бесплатна посета на најзначајните музеи и галерии во Скопје за граѓаните на Македонија, насловена „Мапа на културата“ ќе се одржи во недела, 21 септември 2014 год, во организација на компанијата „Еуролинк осигурување“.
Проектот подразбира организирана посета на Музејотна Македонија, Музејотна современа уметност, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонијаи Национална галерија (Даут-пашин амам)кои се вклучија во проектот „Мапа на културата“, aчии кустоси ќе ги водат посетителите низ постојните музејски постановки.
Сите заинтересирани ќе можат да се пријавуваат од денеска,11 септември до 19 септември 2014 год. на Facebook профилот на Еуролинк осигурување. Предвидени се две ротирачки групи кои стартуваат од 10.00 часотод Порта Македонија.За секоја од двете групи „Еуролинк осигурување“обезбеди професионални водичи кои ќе ги водат учесниците од една до друга културна институција низ градот Скопје, овозможувајќи им едно несекојдневно искуство и “туристичко“доживување на главниот град.
Неколкучасовната обиколка претставува и уникатна можност учесниците да ги чујат интересните приказни за плоштадот Македонија, Камениот мост, Скопското кале и Старата скопска чаршија, за импозантните градби и споменици на културата преку можноста за прашања и дискусии со водичите на турата.
“Мапа на културата”е дел од платформата за општествена одговорност “Еуролинк- Вашата врска со вистинските вредности”чија цел е поддржување и афирмирањена македонската култура и уметност.
Целта на проектот “Мапа на културата“ е промовирање на музејските институции и нивните програми, како и запознавањесомузејското и културно наследство на Република Македонија. Исто така, бесплатната еднодневна музејска тура има за цел да ги анимира учесниците, да ги забавува и да ги поттикне на дискусија. Наменета е подеднакво за оние кои прв пат ги посетуваат музеите, но и за оние кои веќе ги посетувале музејските коплекси во главниот град.