Eurolink Osiguruvanje – Прва мобилна апликација за осигурување на македонскиот пазар

Mобилната апликација Eurolink Osiguruvanje e првата мобилна апликација за осигурување на македонскиот пазар, со која на корисниците им овозможува брзо и лесно купување и плаќање полиси, плаќање доспеани рати, пријавување евентуални штети и следење на статусот на истите, информации за услугите и понудите и кога сте во движење. На тој начин компанијата, преку својата мобилна апликација „Eurolink Osiguruvanje“, ја олеснува интеракцијата со своите клиенти и ја унапредува достапноста на своите производи и услуги. Апликацијата е достапна бесплатно за сите корисници на Андроид или iOS оперативните системи.

Преку апликацијата едноставно и брзо може:
   

  •  да се купат и платат полиси за патничко осигурување и станбено осигурување Доми комплет со 10% попуст;
  • да се пријави штета и да се следи статусот на истата;
  • да се добие комплетен увид во полисите; 
  • лесно и безбедно да се изврши плаќање на фактурите или доспеаните рати; како и
  • да се добијат информации за најновите промоции, продажни места и актуелности од компанијата.

            

Мобилната апликација „Eurolink Osiguruvanje“ е достапна за симнување од Google Play и App Store без никаков надомест.
Корисниците на Андроид оперативниот систем може да ја преземат апликацијата од овој линк 
Корисниците на iOS може да ја преземат апликацијата од овој линк  

Често поставувани прашања и одговори

Имам проблем при регистрирање на Мој Еуролинк?
Ве молиме проверете дали се исполнети следните услови за регистрирање*:
– Треба да имате склучено полиса во Еуролинк било како осигуреник било како договорувач;
– Да се регистрирате со e-mail или мобилен телефон што го имате оставено во Еуролинк.
Доколку имате проблем со регистрацијата, јавете се на 15 888 за да ги проверите Вашите податоци во нашата евиденција.

*Може да ги користите услугите од мобилната апликација како купување и плаќање полиса и пријавување штета, без регистрација.

Дали треба да се регистрирам за да купам полиса?

-Не е потребно да се регистрирате за да купите или платите полиса. Регистрацијата е потребна за да може да имате преглед на бројот на Вашите полиси, активни и неактивни, статусот на Вашата евентуална пријавена штета.

Дали треба да се регистрирам за да пријавам штета?
-.Не е потребно да се регистрирате за да пријавите штета. Регистрацијата е потребна за да може да имате преглед на бројот на Вашите полиси, активни и неактивни, статусот на Вашата евентуална пријавена штета.

Дали треба да се регистрирам за да платам фактура/рата?

– Не е потребно да се регистрирате за да платите фактура или рата. Потребно е само да го знаете бројот на фактурата. Регистрацијата е потребна за да може да имате преглед на бројот на Вашите полиси, активни и неактивни, статусот на Вашата евентуална пријавена штета, да ги следите доспеаните фактури.