ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТООДГОВОРНОСТ

Сопствениците, односно корисниците на моторни возила, со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот се обврзани пред да се вклучат во сообраќајот да купат полиса од автомобилска одговорност, со која се обезбедува сопственикот од одговорност спрема трети лица за причинети штети што за последици може да имаат: смрт, телесна повреда и нарушување на здравјето, уништување и оштетување предмети.

Тарифата за осигурување од автомобилска одговорност ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Северна Македонија.

Владата на Република Северна Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.

Цената зависи од моќноста на моторот на вашето возило изразена во KW, на која се пресметува бонус (попуст), доколку во минатите години осигуреникот не предизвикал штета(и) по овој основ, и малус (доплаток), доколку осигуреникот во минатите години предизвикал штета(и) по автомобилска одговорност.

Со полисата за осигурување од автомобилска одговорност може да се склучат следните дополнителни осигурувања:

Доколку имате веќе регистрирано возило (во било која компанија) и сакате да ја обновите вашата полиса за регистрација на возило, односно за осигурување од автомобилска одговорност, тоа може да го направите и он-лајн на веб продавницата на Еуролинк осигурување. 

Како да постапите во случај ако сте учесник во сообраќајна незгода може да дознаете тука.