Над 300 кандидати кои аплицираа за работна позиција – консултант за осигурување – ги поканивме на прва средба во Еуролинк за да ја почувствуваат позитивната работна атмосфера.
На настанот присуствуваа 50-на кандидати кои ги прошетавме низ работните простории и на интересен и опуштен начин им ја претставивме компанијата, работата на секторите и тимовите.
Колегите од секој сектор раскажаат своја лична приказна за работната атомсфера, за заедничките дружби, за својот прв работен ден и како работата во Еуролинк ги исполнува секојдневно.