Еуролинк Осигурување АД континуирано поддржува значајни културни и спортски настани, помага институции во образованието, здравството, социјалната и детската заштита, притоа промовирајќи ги универзално прифатените вредности за одговорноста кон околината во која работи.
Во продолжение се дадени поддржаните проекти и настани во текот на 2013 година.
| Култура | ||
| 1. | Македонски Народен Театар | Спонзорство | 
| 2. | Фестивал Охридско Лето | Главен спонзор на 53-ти фестивал Охридско Лето 2013 | 
| 3. | Скопски Џез Фестивал – Скопје | Спонзор на 32-ри музички фестивал “Скопски Џез Фестивал 2013”, од 17 до 21 октомври | 
| 4. | Битолски Весник ДОО Битола | Покровител на 14-тата културна манифестација “Избираме најуспешни битолчани” за 2012 година | 
| 5. | Туристичка агенција Гуливер Милс | Спонзорство за организација и одржување на концерт на Северина Вучковиќ на 13-ти Април во арена „Борис Трајковски„ | 
| 6. | Скопски Џез Фестивал – Скопје | Спонзор на музички фестивал “Off-fest 2013”, од 01 до 06 јуни. | 
| 7. | Македонска Опера и Балет | Покровител на Мајски Оперски Вечери 2013 и годишен партнер | 
| Oбразование и детска заштита | ||
| 1. | Ораторска вечер “Иво Пухан”, Правен Факултет “Јустинијан Први” Скопје | Спонзорство | 
| 2. | СОС Детско Село МАкедонија – Скопје | Донација на 10 младинци за патни трошоци на Првото светско првенство во фудбал во Варшава, Полска | 
| 3. | Здружение на граѓани РЕСУРСИ – Скопје | 
 Донација на книжарски материјал за реализација на дел од проектот “Волонтеризам во болниците”, во Клиниката за детски болести, за хоспитализирани деца во клиниката  | 
| 4. | Здружение на деца и младинци без родители „Градиме иднина„ | Донација на музички изнструмент – синтизајзер, за потребите за изведување настава по музичко озбразование за децата и младинците без родители од детските домови. | 
| 5. | Интернационален детски фестивал „СИ ДО„, Битола | Помош за реализација на фестивалот | 
| 6. | Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје | Спонзор на 9-тата меѓународна конференција на АСЕКУ (Асоцијација на универзитети на Југоисточна Европа), од 30 до 31 Мај 2013 год. | 
