Еуролинк Осигурување АД континуирано поддржува значајни културни и спортски настани, помага институции во образованието, здравството, социјалната и детската заштита, притоа промовирајќи ги универзално прифатените вредности за одговорноста кон околината во која работи.

Во продолжение се дадени поддржаните проекти и настани во текот на 2015 година.

Култура
1. Македонски Народен Театар Спонзорство
2. Македонска Опера и Балет Покровител на Мајски Оперски Вечери 2015 и годишен партнер
3. Фестивал Охридско Лето Главен спонзор на 55-ти фестивал Охридско Лето 2015
4. Друштво за маркетинг, продукција и услуги ПРОДУКЦИЈА СЦЕНА ДОО Скопје Спонзорство за караван Маша и Медо
5. Здружение на хорски камерни состави Св. Злата Мегленска 3Г – Скопје Спонзорство за присуство на 4-ти интернационален хорски фестивал – Бали 2015
6. Здружение на граѓани ИКОН – асоцијација за култура  Спонзорсто за изложба
7. ДМУ Самоорганизација Дооел Спонзорство за концерт на Дуке Бојаџиев
8. Дарко Мораитов Спонзорство за изложба на Дарко Мораитов
9. Здружение на лекари Албанци на РМ Спонзорство на свеченоста по повод 7 април, светскиот ден на здравјето
10. Друштво за издавачка дејност Култура Спонзорство за печатење на книга на Лејла Сабит
11. Филмски фестивал Браќа Манаки 2015 Спонзорство
12. Здружение на граѓани Арт Еквилибриум – Гевгелија Спонзор на 7мо издание на Мултимедијален арт фестивал БОШ
Oбразование и детска заштита  
1.  Правен Факултет “Јустинијан Први” Скопје Спонзорство за ораторски вечери  “Иво Пухан “
2. Црвен крст Охрид – Бреинобреин Учество на интернационален натпревар – Бреинобреин
3. Здружение светски парламент при Правен факултет Кичево – дисперзирани студии во Битола Спонзорство
4. Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби Дајте ни крилја Спонзорство
5. Универзитет Св. Кирил и Методиј – Филозофски факултет Скопје Ден на високо образование на Универзитетот Св. Кирил и Методиј
6. Институт за менаџмент на знаење Спонзорство
7. Студентски дом Гоце Делчев Опремување на читална и библиотека
8. Кунг Фу клуб Битола Донација за учество на светско првенство
9. Маркетинг агенција Your Choice  Хуманитарен концерт за децa од детско село
10. Македонска Медицинска Студентска Организација Спонзорство за 6ти светски здравствен симпозиум