Еуролинк Осигурување АД континуирано поддржува значајни културни и спортски настани, помага институции во образованието, здравството, социјалната и детската заштита, притоа промовирајќи ги универзално прифатените вредности за одговорноста кон околината во која работи.

Во продолжение се дадени поддржаните проекти и настани во текот на 2017 година.

Култура
1. ДМУ Самоорганизација ДООЕЛ Скопје Спонзорство за поддржување и унапредување на културата во Република Македонија
2. Модоарс Скопје Спонзорство за поддржување и унапредување на културата во Република Македонија
3. Арт Медиа Скопје Спонзорство за поддржување и унапредување на кутурата во Република Македонија
4.  Медиа Принт Македонија ДООЕЛ Скопје Спонзорство за поддржување и унапредување на културата во Република Македонија
5.  Музеј на современа уметност Скопје Спонзорство за поддржување и унапредување на културата во Република Македонија
6. Здружение на граѓани за локален уметнички и културен развој Арт Еквилибриум Спонзорство за поддржување на Бош фестивал.
7. Нико Ѓорѓиевски Спонзорство за учество на светски натпревар на оперски пејачи ,, Белведере”, кое ќе се одржи во Москва.
8. Национална установа – Фестивал Охридско лето Спонзорство од јавен интерес за поддржување и унапредување на културата во Република Македонија за програмата на 57-мата манифестација на Фестивалот Охридско лето 2017.
9. Македонска академија на науките и уметностите Спонзорство за организирање на изложбата на академскиот скулптор Боро Митриќески – Митрич.
10. Национална установа Музеј на современата уметност – Скопје Донација за возобновување на музејската библиотека при истражувачкиот центар во Музејот на современата уметност.
11. Национална установа Музеј на современата уметност – Скопје Донација за издавање на Монографијата со графики од уметникот Петар Хаџи Бошков.
12. Натали Башоски Донација за врамување на дела кои ќе бидат изложени на изложба во Македонскиот центар за култура во Њујорк.
Oбразование и детска заштита  
1. Универзитет Св. Кирил и Методиј – Филозофски факултет Скопје Спонзорство за поддржување и унапредување на образованието на настанот ,, Денови на високото образование на УКИМ ”
2. Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби Дајте ни крилја Скопје Спонзорство за поддржување, унапредување и промоција на социо – хуманитарни дејности во Република Македонија
3. Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот Кочо Рацин Битола Донација за отворање на сензорна соба за работа со децата со посебни потреби во рамки на Заводот.
4. Здружение на граѓани Македонска Медицинска Студентска Асоцијација Спонзорство за оддржување на 40-тиот Интернационален Медицински Научен Конгрес за студенти и млади лекари.
5. Друштво за менаџмент Клиар Вју Спонзорство за организација на конференција со наслов: Предизвици на транзицијата на семејните бизниси.
6. Донација за Николина Ташевска Донација за издавање на стручна монографија со наслов,, Симбиоза меѓу даночното затајување и перењето пари”.
7. Здружение за хумано – општествен развој Проект ,, Среќа” Донација за поддршка на активностите на Здружението кои се состојат во давање на придонес во развојот на општествената одговорност, солидарност и хуманост на населението, развој на филантропијата и хуманоста кај децата.
8. Здружение прва детска амбасада во светот Меѓаши Донација за покривање на трошоците за одбележување на 25 годишнината од постоењето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, и тоа со организирање на детски работилници и за свечено одбележување на јубилејот.
9. Здружение на студенти од Медицинскиот факултет: Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија ( ЕМСА ) Спонзорирање на проектот,, Летна школа по ургентна медицина”, која ќе се одржи од 5ти до 9ти Јули 2017 година во Охрид.
     
10. Национална установа Универзитетска библиотека Гоце Делчев – Штип Спонзорирање на Летната школа за литература, уметност и култура ,,Библио Арт”.
11. Херма 2010 Донација за реконструкција на таванот во куќата на семејството Ристовски од с.Копанце – Тетово.
12. Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ,, Дајте ни крилја” Донација за учество на Охридски пливачки маратон ,, Илинден 2017”.
13. Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот Кочо Рацин – Битола Донација за реновирање на просторија во Заводот за рехабилитација, која ќе служи како училница за одржување на настава на деца со аутизам.
14. Општинско основно училиште Александар Македонски – Скопје Донација на платно за графоскоп, за потребите на одвивање на настава во училиштето.