Осигурување
за велосипеди

Осигурување
за велосипеди

Што е осигурување за велосипеди?

Возењето велосипед е здрава и убава навика, но сите што сте веќе дел од вело културата знаете дека со популаризирањето на велосипедот како превозно средство и вклучувањето во сообраќај на сѐ поголем број луѓе на велосипед, ризикот од повреда, незгода или кражба се зголемува. Токму затоа го создадовме овој нов, уникатен продукт наменет за сите оние чие омилено средство за транспорт и рекреација им е велосипедот. Полисата за осигурување велосипедисти и велосипеди овозможува финансиска сигурност при несакани ситуации, за да можете да се заштитите себеси, омилениот велосипед и да продолжете да вртите на сигурно!

Како да го заштитите велосипедот

За осигурувањето да може да исплати штета, секој сопственик на велосипед потребно е да вложи во соодветен систем за заклучување. Во зависност од новонабавната вредност на велосипедот што се осигурува, за соодветни механички системи за заштита се сметаат:

  • За велосипед со новонабавна вредност до 500 евра – систем за заклучување рангиран со минимум Bronze според SOLD SECURE 2000 LIMITED или минимум 2/5 согласно ART foundation;
  • За велосипед со новонабавна вредност од 501 евро  до 2000 евра- систем за заклучување рангиран со минимум Silver согласно SOLD SECURE 2000 LIMITED или минимум 3/5 согласно ART foundation;
  • За велосипед со новонабавна вредност од 2001евро  до 5000 евра – систем за заклучување рангиран со минимум GOLD согласно SOLD SECURE 2000 LIMITED или минимум 4/5 согласно ART foundation.

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Како се купува полисата?

Осигурувањето за велосипеди и велосопедисти се купува во филијалите на Еуролинк.

За основниот пакет се потребни само основни лични податоци. 

За каско за велосипед потребна е фактура на име на осигуреникот за велосипедот со наведена шасија број, фактура на име на осигуреникот за механичкиот систем за заклучување и фотографија од велосипедот.

Колку чини каско осигурувањето?

Доколку одберете пакет BIKE+ со вклучено каско осигурување, цената се одредува во зависност од вредноста на велосипедот, а започнува од 1,60 евра месечно па нагоре. Полисите се склучуваат на три години, а цените за целиот период се следни:

 

Цена за три години за ПРОШИРЕНО покритие за велосипед со вредност:

до € 150

57 евра

од  € 151 до  € 300

67 евра

од  € 301 до  € 500

91 евра

од   € 501 до  € 750

122 евра

од  € 751 до  € 1.000

156 евра

од € 1.001 до  € 1.500

242 евра

од € 1.501 до  € 2.000

325 евра

од € 2.001 до  € 3.000

524 евра

од €  3.001 do €  4.000

719 евра

од €  4.001 do €  5.000

914 евра

При издавање на полиса сите вредности се конвертираат во денари по курс 1 евро = 61,5 денари.

Подетално за кражбата

Во зависност од местото и начинот на извршување на кражбата на велосипедот се разликува:

  •  кражба на отворен простор, 
  •  кражба со провалување во затворен простор и
  •  разбојништво.

Во случај на кражба од отворен простор за време додека велосипедот е во сосотојба на мирување осигурително покритие постои само ако велосипедот бил правилно врзан за неподвижен објект со соодветен механички систем на заштита. За кражба од отворен простор се смета и кражба на велосипед од заклучена заедничка просторија во станбена зграда, или во друг објект, наменета за оставање на велосипеди, од која клуч имаат и други лица, кои не се членови на семејството или на заедничкото домаќинство на осигуреникот, а нема траги на провалување во просторијата.

Кражба со провалување во затворен простор се смета кражба на велосипедот додека е сместен во правилно заклучена просторија, во која извршителот влегол насилно, со совладување на пречки, како разбивање, кршење на врати, прозорци, брави, преку отвор што не е наменет за влегување и слично, при што е оставен несомнен траг за провалувањето во смисла на кривично – правен доказ. Во овој случај, не бараме доказ дека осигуреникот поседува и дека велосипедот бил заклучен со механички систем на заштита.

Што во случај на кражба?

Осигуреникот треба да достави:

  • барање за надомест 
  • фактура на име на осигуреникот за велосипедот, со наведена шасија број
  • фактура на име на осигуреникот за механичкиот систем за заклучување
  • полициски записник
Дали има франшиза?

При штета по основ на осигурување од одговорност и од незгода нема франшиза. 

При штета на велосипедот кој е осигурен со каско се применува задолжителна франшиза: 

  •  15% од сумата на осигурување и
  •  25% од сумата на осигурување за штети од кражба на отворен простор и од разбојништво.
Како се пресметува штета во случај на кражба?

Во случај на тотална штета, вклучително и кражба, се применува истата постапка како и за каско на моторни возила, односно најпрво се пресметува амортизација, а потоа се одбива соодветната франшиза за остварениот ризик.

Година на користење

прва

втора

трета

четврта

петта

Амортизирана вредност

82%

74%

66%

58%

50%