Политика за приватност

Грижата за клиентите од аспект на заштита на нивната приватност во поглед на  податоците кои ни ги откриваат при купување и плаќање на услугите кои им ги овозможуваме, претставува приоритет во ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје.

Политиката за приватност на ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје (Друштвото) дава објаснување за видовите на податоци кои може да ги собереме и задржиме при посета на нашата web страница, како и на кој начин се користат тие податоци и со кого се споделуваат. Исто така, Политиката дава информации за начинот на кој може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за Вашите податоци. Оваа Политика е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и интерните акти на Друштвото за регулирање на оваа област.

 

Кои податоци ги собираме?

Ние собираме лични податоци за Вас –  дел од нив се личните податоци кои Вие доброволно ги давате при посета на нашата страница и користење на нашите on-line услуги и поволности, додека другиот дел се податоци кои ги собираме за посетителите на нашата страница т.н. пасивни податоци или податоци кои не се лични и кои се условени од природата на интернетот (технички информации за Вашето користење на услугата, производот или web страницата, како што е Вашата IP адреса, web страницата од која е пристапено до нашата web страница, уред, грешките и активноста на хардверот).

 

За што ги користиме собраните податоци?
 
Собраните податоци ги користиме за:

  • да Ви овозможиме online купување и плаќање на осигурителни производи и услуги;
  • да Ви ја обезбедиме бараната услуга, при што Ве идентификуваме (ја одредуваме локацијата, уредот и web страница од кој пристапувате);
  • да обезбедиме грижа за клиентите;
  • да Ве прашаме за мислење во врска со видовите на осигурување кои ги нудиме и евентуално за спроведување на наши интерни анкети;
  • да ги олесниме и проследиме Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со видовите на осигурување;
  • да реализираме наградни игри, натпревари и други промотивни понуди;
  • да ја разгледаме можноста за Ваше вработување доколку се обратите кај нас преку web страницата и аплицирате за работа во Друштвото;
  • да Ви дадеме помош при рекламација или проблем со користењето на производите и услугите;
  • заради безбедност на нашата web страница и нашиот систем;
  • да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата web страница, за производите и услугите;
  • да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
  • поддршка на корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.

 

Маркетинг

Преку нашата web страница имате можност да бидете запознаени со сите активности кои се во тек или се во најава и со тоа да бидете навремено информирани и во предност пред другите. Затоа, Ви се нуди можност да изберете да добивате разни известувања од наша страна на вашиот e-mail. Овие известувања може да содржат, на пример, податоци за нашите најнови производи, услуги и други новини.

Добивањето на известувања од Друштвото може да го откажете во секое време, на едноставен начин со следење на чекорите за одјавување од нашата т.н. „mailing“ листа. Клиентите кои имаат креирано личен профил т.е. корисничка сметка, имаат опција да ги изменат и/или избришат своите лични податоци.  

 

Заштита и интегритет на податоци

Податоците што ги добиваме во текот на работењето ги штитиме со целосно должно внимание. Податоците и информациите се од клучно значење за спроведувањето на деловните процеси и  тие за нас претставуваат важен деловен имот. Со цел обезбедување нивна доверливост (спречување неовластен пристап или обелоденување), потполност (обезбедување целосност и точност на информациите) и расположливост (обезбедување достапност на информациите во обем и во време кога се неопходни), Друштвото има воспоставено сопствени системи за управување со заштитата на податоците. Одредени податоци можат да бидат како лични, така и доверливи податоци или деловна тајна на Друштвото. При постапувањето со нив водиме сметка за нивната природа и ги обработуваме во согласност со законот и интерните акти на Друштвото. Со тие податоци се запознаваат само лицата на кои им се потребни податоците за вршење на работата и работните задачи во Друштвото. Внимаваме обемот на обработка да е сразмерен на намената, односно на задачите што ги вршиме во Друштвото или за Друштвото, но и да имаме соодветен правен основ за таквата обработка. Податоците не ги откриваме на трети лица, освен ако за тоа постои законски основ или лична согласност од лицата на кои се однесуваат тие податоци. Податоците, исто така, не ги користиме за своја или за туѓа корист. Ги чуваме во согласност со правилата и постапките на безбедносната политика и на другите интерни акти на Друштвото и прописите за заштита на личните податоци.

 
Колачиња („Cookies”)

„Cookies” се мали текстуални фајлови со податоци, коишто може да бидат снимени на Вашиот хард диск од страна на некои web страници кои ги посетувате. Ние користиме “Cookies” со цел подобрување на корисничкото искуство и функционалноста на интернет страницата на Друштвото, како и за анализа на податоците за статистички цели. Друштвото ги чува „Cookies“ до исполнување на целите за кои се собрани. Друштвото користи Google analytics како екстерен аналитички сервис на пристапувања. Резултатите од овој аналитички сервис не се јавно достапни и се користат исклучиво за интерни статистички анализи. 

 

Web продавницата Е- полиса

Со цел задржување на приматот на најиновативна осигурителна компанија, Друштвото ја нуди можноста за online купување на полиса за осигурување преку нашата web продавница Е-полиса. За користење на web продавницата Е-полиса, потребно е да бидат исполнети следните 2 услови: да ни бидат доставени сите податоци од клиентот кои се бараат во процесот на договарање на осигурувањето (со што клиентот се согласува со нивното собирање и користење), и да се изврши плаќање на премијата за осигурување во целост со платежна картичка. При online купување на полиса, Друштвото ги собира само оние податоци за договарачот на осигурување и осигуреникот, кои се неопходни за склучување на договорот за осигурување во согласност со Законот за облигациони односи и  Законот за супервизија на осигурувањето.

Купувањето и плаќањето на полисата се одвива преку користењето на овластени процесори на платежни картички со цел на клиентите да им се овозможи online плаќање со платежна картичка (на рати односно како претплата со ограничен број на рати или еднократно). Податоците кои се однесуваат на плаќањето, односно број на картичка и код за верификација (CVC – card verification code) се обработуваат исклучиво кај процесорите на платежни картички и со тоа се спречува секаква злоупотреба на податоците на клиентите содржани на платежните картички и евентуално причинување штета на клиентите и на Друштвото. За ова, Друштвото има донесено посебна Политика за online плаќање, која е дел од интерните акти за заштита на податоците на клиентите.

 

Услови за користење

Со користење на нашата web страница се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на Друштвото.

Доколку не се согласувате со истата, Ве молиме да не ја користите нашата web страница.

 

Контактирајте нè

Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на Друштвото при користењето на нашата web страница, ве молиме контактирајте нè на ул.„Пиринска“ бр.23, Скопје, офицер за заштита на личните податоци Ангел Наковски, тел: 02/3298-333 или на eurolink@eurolink.com.mk