1.Воведни одредби
Со овие Правила се утврдува начин на спроведување на рекламниот квиз (предизвик) „18 BIKE ПОЛИСИ ЗА 18 ГОДИНИ “ што ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје го приредува во рамки на промоцијата на новиот вид на осигурување – осигурување велосипедисти.
Целта на организирање на квизот (предизвик) како рекламна форма е зголемување на интересот за осигурувањето и подигање на свесноста за потребата од истото, и тоа преку демонстрирање на знаење или вештини за управување со велосипед во интерактивен квиз на креативност, во кој за најуспешните учесници се подготвени награди/изненадувања – тригодишни полиси за осигурување на велосипедисти со пакет БАЈК.
2. Име, место и време на одржување на рекламниот квиз
Име на рекламниот квиз (предизвик) е „18 BIKE ПОЛИСИ ЗА 18 ГОДИНИ”.
Квизот се одржува на Фејсбук фан страната на ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје од 8-ми до 14-ти декември 2020 година.
3. Опис и содржина на начинот врз чија основа се стекнува право на учество во квизот
Основа за учество во квизот е следење на официјалната фан страна на Фејсбук на ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје и во коментари да се објави фотографија од вело поглед направена додека се возел со велосипед.
4. Податоци за наградите
Награди за победниците во квизот се следните:
Вид на награди |
Вкупно награди |
Тригодишна полиса за осигурување на велосипедисти, со пакет БАЈК |
18 |
Изборот на победници на предизвикот – добитници на наградите се бираат така што оние 18 учесници кои споделиле фотографии во коментари на фан страна на Фејсбук на ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје и имаат најмногу реакции на фотографиите ќе добијат подарок тригодишна полиса за осигурување на велосипедисти со пакет БАЈК кој вклучува осигурување од одговорност и осигурување од незгода.
Точната вредноста на наградата е 2.214,00 денари согласно износот на премијата на единечна тригодишна полиса за осигурување на велосипедисти со пакет БАЈК.
Еуролинк осигурување го задржува правото да не додели награда доколку комисијата утврди дека нема соодветни фотографии.
5. Право на учество во квизот и избор на добитници на награди/изненадувања
Право на учество во квизот имаат сите граѓани на Република Македонија со наполнети 14 години кои во период од 8-ми до 14-ти декември 2020 година ја следат Фејсбук фан страната на ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје и во коментари објавиле фотографија како управуваат со велосипед.
Вработените во ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје како и членовите на нивните потесни семејства немаат право на учество во квизот.
Добитници на подароците (полиса за осигурување) на квизот се бираат од учесниците кои споделиле фотографија од вело поглед фотографиран додека се возеле со велосипед која добила најмногу реакции, според ранг листата на Комисијата за избор на добитници на награди.
Објава на добитници ќе биде на 15.12.2020 година (вторник) во 12 часот во пост на Фејсбук фан страната на ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје.
Еднаш награден учесник, нема право да учествува во квизот во останатите денови.
Доколку никој од учесниците не објави соодветна фотографија од управување со велосипед во рекламниот квиз, наградите нема да бидат доделени, односно ако има помалку соодветни фотографии од награди, ќе се доделат помал број на награди од планираните.
6.Постапка за избор на добитниците на награди (победници на квизот)
Постапката за избор на победниците на квизот- добитници на наградите (подароците) ја води Комисијата за избор на добитници на награди, составена од тројца вработени, членови или заменици-членови на Комисијата.
Комисијата составува листа на сите учесници во квизот, од кои ќе ги издвои учесниците кои имаат несоодветни фотографии, како и учесниците кои не ги исполнуваат условите за учество во квизот од точката 5 од овие Правила.
Од листата на учесници со споделени соодветни фотографии, Комисијата ќе состави ранг листа.
Ќе бидат наградени првите 18 од листата, согласно бројот на реакции на споделените фотографии.
Составувањето на ранг листата ќе се врши во просториите на седиштето на ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје од Комисијата за избор на добитници на награди.
Комисијата одлучува со мнозинство гласови.
За текот на постапката на избор Комисијата составува записник.
7. Објавување на добитниците на наградите
Имињата на добитниците на наградите ќе бидат објавувани во коментари на Фејсбук фан страната на ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје www.facebook.com/eurolinkmk истиот ден кога е извршен изборот.
8. Подигање и користење на наградите
Наградите можат да се подигнат во седиштето на најдоцна во рок од 30 дена од денот на објавување на имињата на добитниците на наградите, а важат согласно датумот на важнос на доделената полиса.
Добитниците не може да ги заменат своите награди за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет/услуга.
Доколку добитникот од која било причина не е во можност лично да ја подигне наградата, може да назначи лице кое тоа ќе го стори во негово име со претходно известување на Организаторот.
9. Објавување на правилата на квизот
Правилата на квизот ќе бидат објавени на веб страната на Организаторот www.eurolink.com.mk и фан страната на Фејсбук www.facebook.com.mk/eurolinkmk
10. Право на приговор
Секој учесник во квизот има право на приговор против ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје, во рок од 5 (пет) дена од објавување на резултатите, а ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје ќе одговори на приговорот во рок од 3 (три) работни дена од денот на неговото поднесување.
Овие ПРАВИЛА НА РЕКЛАМНИОТ КВИЗ (ПРЕДИЗВИК) 18 BIKE ПОЛИСИ ЗА 18 ГОДИНИ се донесени од Управниот одбор на Акционерското друштво ЕУРОЛИНК осигурување Скопје.