За патувањата
што следат

Можностите за движење се променија низ целиот свет, а патувањата станаа вистински предизвик! Во таа насока, ги прилагодивме условите на нашето патничко осигурување и подготвивме краток прирачник за подготовка на патување во време на Ковид-19.

 

Прирачник за подготовка за патување

Патничко осигурување од Еуролинк осигурување

Краток прирачник за подготовка на
патување во време на Ковид-19

Чекор 1

Испланирајте го добро вашето следно патување

Пред да испланирате патување, најпрво проверете ги правилата за влез и излез во земјата каде што планирате да патувате. Правилата се менуват често, времињата се променливи, затоа најдобро е редовно да ги проверувате условите и состојбите кога планирате, и пред да тргнувате. 

Министерството за надворешни работи има листа на препораки и редовно дополнувани инфорамции. Може токму оваа страница да ви биде добра почетна точка во истражувањето. 

МНР - Советник за патување
Чекор 2

Тргнете добро подготвени

ВРЕМЕ: Имајте предвид дека преминувањето граници зема повеќе време од вообичаено. Предвидете доволно време за патувањето.

КОНТАКТИ: Имајте ги при рака вашите најважни контакти во текот на целото патување.

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ДЕСТИНАЦИЈАТА: Одвојте време да го запознаете местото каде одите пред поаѓањето, особено јавниот транспорт, локацијата каде ќе сте сместени и посебните правила што важат локално за спречување на ширењето на вирусот.

Чекор 3

Обезбедете најдобро патничко осигурување

За патувањето да биде со помалку грижи, обезбедете патничко осигурување кое нуди покритие за сите ситуации, вклучително и потреби кои можат да произлезат од изложеност на Ковид-19.

Патничкото осигурување на Еуролинк осигурување покрива трошоци за итно лекување од Ковид-19 и е единственото осигурување кај нас кое ќе ви ги покрие трошоците за непланирано враќање во земјата во случај на Ковид-19. Трошоците за враќање вклучуваат враќање на осигуреникот, како и најблиските членови на семејството или возилото со кое сте патувале во случај да не можете да се вратите во земјата со истото.

Чекор 4

Информирајте се како да го користите осигурувањето

Доколку се најдете во некоја од следниве ситуации:

  • Имате итна потреба од лекарска помош
  • Морате итно да вратите деца дома
  • Треба предвремено да се вратите дома
  • Мора да го продолжите престојот во странство

Веднаш стапете во контакт со нас. Јавете се 24/7 на бројот за поддршка и дадете ги сите информации што ќе Ви ги побара координаторот од Еуролинк24. Следете ги инструкциите што ќе Ви бидат дадени.

Достапни 24/7 сме на +389 2 15888, +389 70 313 888, +389 2 3289 399 или на eurolink24@eurlonik.com.mk,

За сите останати случаи, пријавувањето може да го направите по враќањето дома. Пријавувањето можете да го направите онлајн или во канцелариите на Еуролинк осигурување. 

Чекор 5

Не заборавајте да се заштитите себеси и другите!

Веројатно, најважно од сѐ е да ги следите општите глобални, но и локалните мерки за заштита од Ковид-19 во земјата во која патувате: 

  • Носете маска, но спакувајте со себе и некоку резервни маски
  • Понесете и користете средство за дезинфекција на рацете. Обезбедете мали пакувања кои лесно можете да ги понесете со себе во џеб или во авион
  • Одржувајте растојание со други патници и лица во секое време