По евидентирање на пријавата на штета осигуреникот е должен да овозможи извид над оштетеното возило.
Доколку оштетениот не е во можност да обезбеди извид над оштетеното возило, истиот е должен да ги преземе сите мерки за спречување на зголемување на настанатата штета.
Извидот на штета по правило се спроведува веднаш, а најдоцна во рок од 2 работни дена (за штети пријавени надвор од централата на Друштвото) по пријава на штетата и добиен налог за процена на штета.
Извидот се врши на оштетеното возило во определен простор во Друштвото за осигурување, во сервис или друго место каде што се наоѓа возилото.
Листа/список на потребна документација за поднесување на барање за надомест на штета по каско осигурување:
- Полиса од осигуреникот;
- Фотокопија од сообраќајна дозвола;
- Фотокопија од возачка дозвола;
- Фотокопија од трансакциска сметка на осигуреник;
- Полномошно за управување – доколку осигуреникот е правно лице, сопственик на возилото е лизинг компанија, или возилото не е управувано од сопственикот;
- Изјава за настанот од осигуреникот;
- Примерок од Европски извештај, односно записник од МВР, доколку за штетата постои таков документ.
Доколку во процесот на процена и ликвидација на штети се утврди дека е потребно да се достават дополнителни документи, за утврдување на основот и висината на надомест на штета, осигуреникот/оштетениот ќе биде известен за потребните дополнителни документи кои ќе треба да бидат доставени.
ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ
За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа каско, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на kasko@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-324, 02/3289-346, 02/3289-374 или 02/3289-326.
Документи / Формулари