Постапка за пријавување штети по каско осигурување

Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од незјиното настанување на образец „пријава на штета”, на еден од начините наведени во делот *Општа постапка за пријава на штети.

По евидентирање на пријавата на штета осигуреникот е должен да овозможи извид над оштетеното возило.

Доколку оштетениот не е во можност да обезбеди извид над оштетеното возило, истиот е должен да ги преземе сите мерки за спречување на зголемување на настанатата штета.

Извидот на штета по правило се спроведува веднаш, а најдоцна во рок од 2 работни дена (за штети пријавени надвор од централата на Друштвото) по пријава на штетата и добиен налог за процена на штета.

Извидот се врши на оштетеното возило во определен простор во Друштвото за осигурување, во сервис или друго место каде што се наоѓа возилото.

Потребни документи за пријавување и решавање  штета по каско полиса:

  • Фотокопија од сообраќајна дозвола
  • Фотокопија од возачка дозвола
  • Фотокопија од трансакциска сметка
  • Полномошно за управување-доколку осигуреникот-оштетениот е правно лице или сопственик на возилото е лизинг компанија
  • Изјава за настанот од осигуреникот за штети каско
  • Примерок од Европски извештај, односно записник од МВР (задолжително за штети)

ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ

За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа каско, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на kasko@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-324, 02/3289-346, 02/3289-374 или 02/3289-326.

 Документи / Формулари