НЕЗГОДА

Листа/список на потребна документација за поднесување на барање за надомест на штета по осигурување од незгода

Во случај на настанување  несреќен случај, пријавувањето на штетата на образецот „пријава на штета” и потребната документација за решавање на штетата, се врши по завршеното лекување на осигуреникот на еден од начините наведени во делот *Општа постапка за пријава на штети*.

Образецот „пријава на штета” се потпишува и заверува со печат од страна на договарачот на осигурувањето (работодавач, училиште, факултет, детска градинка, спортски клуб).

Оригинален примерок од образецот „пријава на штета” и оригинален примерок од потребната документација, се доставуваат до Друштвото најдоцна при вршење на лекарскиот преглед.

За терминот на закажаниот преглед ќе бидете уредно известени на e-mail адресата наведена во образецот „пријава на штета”.

Пријава на штета за осигурување ученици:

Несреќен случај

  • Пријава заверена од договорувач на осигурување
  • Медицинска документација
  • Оригинални сметки за трошоци за лекување
  • Потврди за отсуство од настава
  • Извод од матична книга на родени за ученици
  • Фотокопија од лична карта на родител 
  • Фотокопија од трансакциска сметка на родител
  • Потврда од клуб ( на меморандум на клубот) со опис на настан и записник од натпревар, доколку повредата е настаната на спортски натпревар
  • Записник од МВР или потврда при повреда во сообраќајна незгода, учество во тепачка или други случаи за кои е изготвен ваков документ
  • Записник за присуство на алкохол при повреда во сообраќајна незгода
  • Фотокопија од возачка дозвола при повреда при управување со моторно возило

Пријава на штета за колективно осигурување вработени:

Несреќен случај   

  • Пријава заверена од договорувач на осигурување
  • Медицинска документација
  • Оригинални сметки за трошоци за лекување
  • Потврда за боледување
  • Повредна листа
  • Извод од матична книга на родени на осигуреникот
  • Фотокопија од лична карта на осигуреникот
  • Фотокопија од трансакциска сметка
  • Потврда од клуб ( на меморандум на клубот) со опис на настан и записник од натпревар, доколку повредата е настаната на спортски натпревар,
  • Записник од МВР или потврда при повреда во сообраќајна незгода, учество во тепачка или други случаи за кои е изготвен ваков документ,
  • Записник за присуство на алкохол при повреда во сообраќајна незгода,
  • Фотокопија од возачка дозвола при повреда при управување со моторно возило.

 Смрт од последици на несреќен случај или болест

  • Лекарски извештај за причина на смртта
  • Извод од матична книга на родени за осигуреникот
  • Извод од матична книга на венчани
  • Извод од матична книга на умрени
  • Извод од матична книга на родени за корисниците на осигурување
  • Изјава за одредување корисник
  • Решение за старателство ( ако корисникот е малолетен)
  • Фотокопија од лична карта од корисници на осигурување
  • Записник од МВР или потврда при смрт во сообраќајна незгода, учество во тепачка или други случаи кои е изготвен ваков документ
  • Записник за присуство на алкохол при смрт во сообраќајна незгода
  • Фотокопија од возачка дозвола при смрт при управување со моторно возило
  • Фотокопија од трансакциска сметка на корисник

Доколку во процесот на процена и ликвидација на штети се утврди дека е потребно да се достават дополнителни документи, за утврдување на основот и висината на надомест на штета, осигуреникот/оштетениот ќе биде известен за потребните дополнителни документи кои ќе треба да бидат доставени.

ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ

За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа незгода, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на nezgoda.patnicko@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-336 или 02/3289-363.

По извршениот преглед односно достава на целокупната потребна документација, се утврдува основот на барањето и пристапува кон решавање на штетата.

Исплатата на утврдениот износ од осугурената сума се врши во ро код 14 дена од утврдување на основаноста на барањето.