Потребна документација за поднесување на барање за надомест на штета по осигурување од незгода
Во случај на настанување несреќен случај, пријавувањето на штетата на образецот „пријава на штета” и потребната документација за решавање на штетата, се врши по завршеното лекување на осигуреникот на еден од начините наведени во делот *Општа постапка за пријава на штети*.
Образецот „пријава на штета” се потпишува и заверува со печат од страна на договарачот на осигурувањето (работодавач, училиште, факултет, детска градинка, спортски клуб).
Оригинален примерок од образецот „пријава на штета” и оригинален примерок од потребната документација, се доставуваат до Друштвото најдоцна при вршење на лекарскиот преглед.
За терминот на закажаниот преглед ќе бидете уредно известени на e-mail адресата наведена во образецот „пријава на штета”.
Пријава на штета за осигурување ученици:
Несреќен случај
- Пријава заверена од договорувач на осигурување
- Медицинска документација
- Оригинални сметки за трошоци за лекување
- Потврди за отсуство од настава
- Извод од матична книга на родени за ученици
- Фотокопија од лична карта на родител
- Фотокопија од трансакциска сметка на родител
- Потврда од клуб ( на меморандум на клубот) со опис на настан и записник од натпревар, доколку повредата е настаната на спортски натпревар
- Записник од МВР или потврда при повреда во сообраќајна незгода, учество во тепачка или други случаи за кои е изготвен ваков документ
- Записник за присуство на алкохол при повреда во сообраќајна незгода
- Фотокопија од возачка дозвола при повреда при управување со моторно возило
Пријава на штета за колективно осигурување вработени:
Несреќен случај
- Пријава заверена од договорувач на осигурување
- Медицинска документација
- Оригинални сметки за трошоци за лекување
- Потврда за боледување
- Повредна листа
- Извод од матична книга на родени на осигуреникот
- Фотокопија од лична карта на осигуреникот
- Фотокопија од трансакциска сметка
- Потврда од клуб ( на меморандум на клубот) со опис на настан и записник од натпревар, доколку повредата е настаната на спортски натпревар,
- Записник од МВР или потврда при повреда во сообраќајна незгода, учество во тепачка или други случаи за кои е изготвен ваков документ,
- Записник за присуство на алкохол при повреда во сообраќајна незгода,
- Фотокопија од возачка дозвола при повреда при управување со моторно возило.
Смрт од последици на несреќен случај или болест
- Лекарски извештај за причина на смртта
- Извод од матична книга на родени за осигуреникот
- Извод од матична книга на венчани
- Извод од матична книга на умрени
- Извод од матична книга на родени за корисниците на осигурување
- Изјава за одредување корисник
- Решение за старателство ( ако корисникот е малолетен)
- Фотокопија од лична карта од корисници на осигурување
- Записник од МВР или потврда при смрт во сообраќајна незгода, учество во тепачка или други случаи кои е изготвен ваков документ
- Записник за присуство на алкохол при смрт во сообраќајна незгода
- Фотокопија од возачка дозвола при смрт при управување со моторно возило
- Фотокопија од трансакциска сметка на корисник
Доколку во процесот на процена и ликвидација на штети се утврди дека е потребно да се достават дополнителни документи, за утврдување на основот и висината на надомест на штета, осигуреникот/оштетениот ќе биде известен за потребните дополнителни документи кои ќе треба да бидат доставени.
ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ
За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа незгода, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на nezgoda.patnicko@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-336 или 02/3289-363.
По извршениот преглед односно достава на целокупната потребна документација, се утврдува основот на барањето и пристапува кон решавање на штетата.
Исплатата на утврдениот износ од осугурената сума се врши во ро код 14 дена од утврдување на основаноста на барањето.
Документи / Формулари
БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ПО РИЗИК СМРТ ОД БОЛЕСТ И СМРТ ОД НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВА НА ШТЕТА ПО НЕЗГОДА
КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ НА РАБОТНИЦИ
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВА НА ШТЕТА ПО НЕЗГОДА
КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ/СТУДЕНТИ
БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ПО РИЗИК НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ И ТЕШКА БОЛЕСТ
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВА НА ШТЕТА ПО НЕЗГОДА ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ
БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА (УЧЕНИЦИ-СТУДЕНТИ) ПО РИЗИК НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ И ТЕШКА БОЛЕСТ