општа одговорност

Постапка за пријавување штети од општа одгoворност

Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од незјиното настанување на  образец  „пријава на штета”, на еден од начините наведени во делот *Општа постапка за пријава на штети“

Без претходна согласност на осигурувачот, осигуреникот не е овластен да се изјаснува за барањето за надомест на штета, ниту да го признава, ниту пак за барањето за надомест на штетата да склучи спогодба, ниту да изврши исплата.

Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, осигуреникот е должен да му достави на осигурувачот судска покана односно тужба и сите писма во врска со штетниот настан и со барањето за надомест на штета,како и водењето на спорот да му го препушти на осигурувачот.

Во случај оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно да му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги даде сите докази и податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и за оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.

Доколку осигуреникот не се придржува конобврските,ќе ги сноси штетните последици што настануваат при тоа,освен ако тие би настанале и кога би се придржувал на обврските.

Надомест на штета

Осигурувачот го исплатува надоместокот од осигурувањето во рок од 14 дена, сметајќи од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска,, односно од денот на комплетирање на потребните документи за постапување по барањето за надомест на штета.

Осигурувачот го исплатува надоместот од осигурувањето врз основа на:

                   1) признанието кое што го дал или одобрил;

                   2) порамнувањето кое што го заклучил или одобрил;

                   3) судска одлука.

Листа/список на потребна документација за поднесување на барање за надомест на штета од општа одговорност:

  • Полиса за осигурување;
  • Изјава од оштетен;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на оштетениот.

Доколку во процесот на процена и ликвидација на штети се утврди дека е потребно да се достават дополнителни документи, за утврдување на основот и висината на надомест на штета, осигуреникот/оштетениот ќе биде известен за потребните дополнителни документи кои ќе треба да бидат доставени.

ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ

За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа општа одговорност, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на imot.odgovornost.transport@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-325, 02/3289-326 или 02/3289-322.