ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

Постапка за пријавување штети по полиси за патничко осигурување

Во случај на потреба од услуги од здравствено осигурување и друга помош, пријава се врши во центарот Еуролинк 24 на бесплатниот телефонски број +389 2 15 888 или е-маил : eurolink24@eurolink.com.mk во текот на 24 часа.

Доколку случајот не е евидентиран преку Eуролинк 24, пријавата на штета ќе се регулира по враќање во земјата во просториите на осигурувачот, на еден од начините наведени во делот *Општа постапка за пријава на штети*.

Листа/список на потребна документација за поднесување на барање за надомест на штета по патничко осигурување:

  • Полиса за осигурување;
  • Фотокопија од пасош (првите две страни и страните со печати влез-излез);
  • Медицинска документација со дијагноза;
  • Доказ за платени фактури за лекување во странство;
  • Авио карти;
  • ПИР извештај за доцнење на багаж или лет;
  • Доказ за прием на багаж;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на оштетениот/установата што ја извршила здравствената услуга

Исплатата на утврдениот износ на надомест се врши во ро код 14 дена од утврдување на основаноста на барањето.

Доколку во процесот на процена и ликвидација на штети се утврди дека е потребно да се достават дополнителни документи, за утврдување на основот и висината на надомест на штета, осигуреникот/оштетениот ќе биде известен за потребните дополнителни документи кои ќе треба да бидат доставени.

ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ
За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа патничко осигурување, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на nezgoda.patnicko@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-336 или 02/3289-363.