ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

Постапка за пријавување штети по полиси за патничко осигурување

Во случај на потреба од услуги од здравствено осигурување и друга помош, пријава се врши во центарот Еуролинк 24 на бесплатниот телефонски број +389 2 15 888 или е-маил : eurolink24@eurolink.com.mk во текот на 24 часа.

Доколку случајот не е е евидентиран преку Eуролинк 24,  пријавата на штета ќе се регулира по враќање во земјата во просториите на осигурувачот, на еден од начините наведени во делот * Општа постапка за пријава на штети*.
 

Потребни документи за пријавување:
 

  • Полиса за осигурување
  • Фотокопија од пасош
  • Медицинска документација
  • Авиокарти
  • Извештај за доцнење багаж или лет
  • Фотокопија од трансакциска сметка
  • По утврдување на итноста на случајот односно достава на целокупната потребна документација, се утврдува основот на барањето и пристапува кон решавање на штетата.

Исплатата на утврдениот износ на надомест се врши во ро код 14 дена од утврдување на основаноста на барањето.

ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ
За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа патничко осигурување, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на nezgoda.patnicko@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-336 или 02/3289-363.