Постапка за пријавување штети по транспортно осигурување
Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од незјиното настанување на образец „пријава на штета”, на еден од начините наведени во делот *Општа постапка за пријава на штети*
Кога ќе настане осигурен случај до доаѓање на овластен преставник на осигурувачот, осигуреникот е должен :
- Веднаш да преземе сè што е во негова можност за да ги ограничи неговите штетни последици и при тоа да се придржува кон упатствата што му ги дал осигурувачот или негов претставник,
- Во сите случаи предвидени со посебни прописи, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, кражба, провална кражба, разбојништво и сообраќајна незгода, да го пријави случајот на надлежниот орган за внатрешни работи, да наведе кои предмети се уништени, односно оштетени или се исчезнати при настанувањето на осигурениот случај,
- Веднаш по настанувањето на осигурениот случај, ако тоа е можно, односно кога тоа приликите го дозволуваат, на осигурувачот да му достави попис на уништените, односно оштетените предмети со приближно назначување на нивната вредност,
- До доаѓањето на претставникот на осигурувачот на самото место, да не се менува состојбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е потребна во јавен интерес или поради намалување на штетата, односно поради продолжување со нормално производство.
Договарачот на осигурувањето односно осигуреникот е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата на штетата, на претставникот на осигурувачот да му ги даде сите потребни податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата.
Извидот на штета се спроведува по правило веднаш по пријавување на случајот, или во термин договорен со проценителот овластен од Друштвото.
Листа/список на потребна документација за поднесување на барање за надомест на штета по транспортно осигурување:
- Полиса за осигурување;
- Товарен лист;
- Записник за оштетување, односно кусок на транспортирана роба;
- Фотокопија од трансакциска сметка на оштетениот.
Доколку во процесот на процена и ликвидација на штети се утврди дека е потребно да се достават дополнителни документи, за утврдување на основот и висината на надомест на штета, осигуреникот/оштетениот ќе биде известен за потребните дополнителни документи кои ќе треба да бидат доставени.
ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ
За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа транспортно осигурување, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на imot.odgovornost.transport@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-325, 02/3289-326 или 02/3289-322.