ТРАНСПОРТНО ОСИГУРУВАЊе

Постапка за пријавување штети по транспортно осигурување
 

Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од незјиното настанување на  образец  “пријава на штета”, на еден од начините наведени во делот * Општа постапка за пријава на штети “

Кога ќе настане осигурен случај до доаѓање на овластен преставник на осигурувачот, осигуреникот е должен :

  • Веднаш да преземе сè што е во негова можност за да ги ограничи неговите штетни последици и при тоа да се придржува кон упатствата што му ги дал осигурувачот или негов претставник,
  • Во сите случаи предвидени со посебни прописи, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, кражба, провална кражба, разбојништво и сообраќајна незгода, да го пријави случајот на надлежниот орган за внатрешни работи, да наведе кои предмети се уништени, односно оштетени или се исчезнати при настанувањето на осигурениот случај,
  • Веднаш по настанувањето на осигурениот случај, ако тоа е можно, односно кога тоа приликите го дозволуваат, на осигурувачот да му достави попис на уништените, односно оштетените предмети со приближно назначување на нивната вредност,
  • До доаѓањето на претставникот на осигурувачот на самото место, да не се менува состојбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е потребна во јавен интерес или поради намалување на штетата, односно поради продолжување со нормално производство.

Договарачот на осигурувањето односно осигуреникот е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата на штетата, на претставникот на осигурувачот  да му ги даде сите потребни податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата.

Извидот на штета се спроведува по правило веднаш по пријавување на случајот, или во термин договорен со проценителот овластен од Друштвото.

Потребни основни документи за пријавување на штетата се:

  • товарен лист,
  • записник за оштетување, односно кусок на транспортирана роба,
  • фотокопија од  жиро сметка,
  • полиса за осигурување.
  • записник за процена на Штети,
  • фактурна вредност на пратката со целокупна документација,
  • царинска декларација;
  • изјава ид возачот,
  • записник од МВР,
  • записник од хавариски комесар,
  • договор за превоз со превозникот,
  • превод на документи;

ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ

За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа транспортно осигурување, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на imot.odgovornost.transport@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-325, 02/3289-326 или 02/3289-322.