ЗЕЛЕНА КАРТА

Постапка во случај на сообраќајна незгода со странско возило или случена во странство

Како да постапите во случај на сообракајна незгода случена во Република Северна Македонија предизвикана од возило со странска регистерска табличка
  • Повикајте полиција
  • Запишите го регистарскиот број на возилото како и типот и марката на истото
  • Побарајте зелена карта од возачот и доколку сте во можност направите копија од истата, внимателно запишете  го датумот на валидност на зелената карта, меѓународните ознаки на земјата каде што е седиштето на Националното Биро за осигурување, кодот на осигурителната компанија која ја издала зелената карта и серискиот број на ЗК како и регистарскиот број на моторното возило или бројот на шасија или бројот на мотор

Исклучоци

`88;   За понатамошни постапки контактирај те го Националното Биро за Осигурување кое ќе ве упати на осигурителната компанија во Македонија која е коресподент за обработка на вашата штета или ќе даде овластување за обработка на штетата на некоја од осигурителните компании во Република Северна Македонија

Коресподентски договори помеѓу Еуролинк осигурување и странски осигурителни компании за штети настанати на територија на Република Северна Македонија

Како да постапите во случај на сообраќајна незгода случена во странство а предизвикана по ваша вина
  • Повикајте полиција разменете податоци за осигурување на возилата учесници во сообраќајната незгода
  • Доколку ви е понуден Европски извештај за незгода пополнете го ,овој образец е со унифицирана содржина во сите европски земји
  • Веднаш по пристигнување во Република Македонија известете ги надлежните служби во Еуролинк Осигурување (Секторот за зелена карта ) за предизвиканата сообракајна незгода 
Како да постапите во случај на сообраќајна незгода случена во странство а предизвикана по вина на странското возило
  •  Повикајте полиција разменете податоци за осигурување на возилата учесници во сообраќајната незгода 
  • Доколку ви е понуден европски извештај за незгода пополнете го ,овој образец е со унифицирана содржина во сите европски земји
  • Контактирајте го Националното Биро за Осигурување во земјата во која е настаната сообраќајната незгода. Адресата и телефонот за контакт на Бироата на земјите членки на Системот ЗК се наоѓаат на задната страна на вашата зелена карта. Наведете го типот и обемот на оштетување и задолжително побарајте понатамошни насоки за пријавување на вашата штета

Исклучоци

Во следните исклучоци ќе се смета дека постои валидно осигурување на странските возила во смисла на осигурување од ЗК (врз основа на Билатерални и Мултилатерални  спогодби склучени помеѓу Бироата)

  • За возила со регистарски ознаки од Словенија, Хрватска и Унгарија
  • За возила кои доаѓаат од Република Грција со Зелена карта  во која ја нема наведено меѓународна кратенка на Република Македонија – МК
  • Возила од Косово со полиси ТПЛ Косово плус

Листа/список на потребна документација за поднесување на барање за надомест на штета по Зелена карта ЗК/АО (материјални и нематеријални штети):

  • Барање за потврда на осигурително покритие добиено по електорнска пошта или пошта;
  • Потврда на осигурително покритие;
  • Име и презиме на оштетен и осигуреник;
  • Податоци за оштетено возило за материјална штета;
  • Копија од зелена карта или наведен код, регистарски број или број на зелена карта во барањето за надомест;
  • Потврда на осигурително покритие испратено од страна на странската осигурителна компанија;
  • Име и презиме на повредените лица.

Листа/список на потребна документација за поднесување на барање за надомест на штета по Зелена карта – услужни штети ЗК/УГ (материјални и нематеријални штети):

  • Копија од зелена карта, регистарски број или број на зелена карта од возило по кое се пријавува во барањето за потврда на осигурително покритие испратено кон странската компанија;
  • Барањето за потврда на осигурително покритие испратено кон странската компанија;
  • Потврда на осигурително покритие и валидност на зелената карта добиено од странската осигурителна компанија;
  • Записник од МВР;
  • Во зависност од тоа дали се работи за материјална или нематеријална штета се бараат истите документи како документите потребни за пријава на штета од АО.

Доколку во процесот на процена и ликвидација на штети се утврди дека е потребно да се достават дополнителни документи, за утврдување на основот и висината на надомест на штета, осигуреникот/оштетениот ќе биде известен за потребните дополнителни документи кои ќе треба да бидат доставени.

ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ
За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа зелена карта, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на avtoodgovornost.zk@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-324, 02/3289-346, 02/3289-374 или 02/3289-326.