Со последниот час, 35 деца успешно ја завршија едномесечната бесплатна школа за лизгање што ја организираше компанијата „Еуролинк осигурување“.
Сите учесници на школата добија сертификати за учество кои им ги доделија професионалниот тренер по уметничко лизгање Ксенија Јаштшењски-Симиќ, која и ги водеше часовите и нејзиниот асистент Владимир Поповски.
Годинешната школа се организира втора година по ред на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и на неа учествуваа деца на возраст од 6 до 14 години. Таа е единствен проект од ваков вид во земјава, каде децата бесплатно може да ги совладаат основните техники на уметничкото лизгање. Идејата на компанијата „Еуролинк осигирување“ е преку овој проект да им се овозможи на најмладите активно да спортуваат во текот на зимскиот период и истовремено креативно и корисно да го поминуваат слободното време.
– Преку овој проект сакаме да го популаризираме уметничкото лизгање во земјава, но и да им покажеме на децата дека овој спорт не е резервиран само за професионалци, туку со него рекреативно можат да се занимаваат сите љубители на зимските спортови. Многу нn4; радува фактот што секоја година имаме сn4; поголем интерес за школата и многу пријавени дечиња, што нn4; охрабрува да продолжиме да поддржуваме вакви проекти и во иднина – вели Олга Костовска, Претседател на Надзорен одбор на Еуролинк.
Пријавувањето за школата се одвиваше преку фејсбук профилот на „Еуролинк осигурување“, а селекцијата ја изврши стручен тим. На избраните учесници компанијата им обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во траење од еден