На глобално ниво, во 2023 година очекуваме влошени економски индикатори и продолжување на неизвесноста предизвикана од турбулентната 2022 година и од геополитичките фактори со што ќе продолжи волатилноста на пазарите.
Оваа глобална неизвесност ќе се прелее и во нашава земја, каде што граѓаните веќе се соочуваат со намалена куповна моќ и пораст на трошоците за живот.
Бизнис-секторот ќе биде погоден од засилениот одлив на кадар, но и сè помалиот број на луѓе заинтересирани за традиционалниот модел на работа, па можеме да очекуваме дека борбата за таленти ќе се засилува, а компаниите ќе вложуваат средства и ќе изнаоѓаат иновативни начини за да го најдат, привлечат и задржат неопходниот кадар.
За осигурителниот сектор најголем предизвик ќе биде одржливоста на цената за задолжителната автоодговорност поради значително зголемување на трошоците за реосигурување, зголемените цени на резервните делови и повисоките трошоци за поправки.
Извесните даночни промени кои го засегаат доброволното здравствено и животно осигурување неминовно ќе донесат зголемување на трошоците за клиентите и успорување на побарувачката за овие засега брзорастечки производи.
Во продолжение линк до објавата во Економија и Бизнис.