Врвно лекување и покривање на трошоци за породување, офталмологија и стоматологија во сите приватни здравствени установи

Свесноста за потребата од врвно лекување во приватни клиники во Македонија или во Европа, по избор на клиентот, како и можноста на една полиса да биде осигурено целото семејство, го направи продуктот Семејно приватно здравствено осигурување на Еуролинк осигурување привлечен за граѓаните и за семејствата во Македонија. Постојано унапредувајќи ја понудата според потребите на граѓаните, Еуролинк сега веќе на семејствата им овозможува да одберат и покривање на трошоците за породување, за офталмолошко и стоматолошко лекување во приватни здравствени установи по избор на клиентите. Во зависност од висината на лимитот и пакетот одбран за користење за овој тип на здравствени услуги, доплатата изнесува 2.500 односно 3.125 денари месечно со склучување договор за лојалност на две години за пакетите Комфорт или Премиум. Посебен бенефит со оваа новина е што Еуролинк врши директна исплата и на трошоци за стоматолошко лекување над 150 евра кон приватна здравствена установа за стоматологија. Со тоа Еуролинк осигурување е прва осигурителна компанија во Македонија која на клиентите им нуди пакет со покривање на било кој тип на стоматолошки услуги, вклучувајќи ги и услугите од естетска и корективна природа.
Еуролинк го воведе продуктот за Семејно приватно здравствено осигурување на почетокот на годината целосно прилагодувајќи ги пакетите и цените кон потребите на семејствата во Македонија. Семејното приватно здравствено осигурување е наменето за сите семејства што имаат потреба и сакаат да обезбедат квалитетна здравствена заштита за сите членови на семејството. На една полиса за Семејно приватно здравствено осигурување целото семејство има пристап до квалитетна здравствена заштита во приватните болници во Македонија, како и во странство.
Согледувајќи ги потребите на граѓаните за квалитетно и пристапно здравствено осигурување, достапни се три пакети кои може да ги одберат корисниците за да добијат здравствена заштита, превентивни прегледи, но и лекување, вклучувајќи и специјалистички прегледи, третман на тешки болести, болничко сместување во приватните здравствени установи во Македонија и во странство, за сите членови на семејството. Граѓаните може да одберат во зависност од потребите на семејството ОСНОВЕН, КОМФОРТ или ПРЕМИУМ пакет за семејно приватно здравствено осигурување, по цена од 1.800, 2.000 и 3.350 денари месечно, соодветно на пакетот.
 
Дополнителна предност со Семејното приватно здравствено осигурување на Еуролинк е тоа што при користењето на здравствените услуги за болничко лекување, лекување малигни болести и трошоци за породување, трошоците кон болницата директно се плаќаат од страна на Еуролинк Осигурување, за што компанијата има склучено договори за соработка и директна исплата на трошоци со „Клиника Жан Митрев“, „Ремедика“, „Аџибадем Систина“, „Систина Офталмологија“, „Санте Плус“, „Болница Неуромедика“ и „Плодност – Битола“.
Семејното приватно здравствено осигурување може да се купи во продажните места на Еуролинк осигурување, преку агентите за осигурување на Еуролинк, а подетални информации се достапни на веб страницата www.eurolink.com.mk или на телефонскиот број 02 15 888.