Еуролинк Осигување започна со работа на 2.12.2002 во Скопје, со 14 вработени, кои претставуваа спој на искуството и младоста, стручноста и ентузијазмот за работа.
Првата полиса за осигурување е издадена на 26.02.2003 година.
Првите подружници надвор од Скопје се отворени во декември 2005 година, во Битола, Охрид и во Штип, кога бројот на вработените е веќе 48 лица и пазарниот удел изнесува 6%.
Од декември 2007 година, почнува забрзан раст на Друштвото и во следните неколку години се отворени уште 27 подружници и канцеларии, а бројот на вработени е зголемен на 205.
2007 г. – Први на пазарот воведуваме нов вид осигурување од одговорност на лекарите и здравствените работници.
2008 г. – Два нови вида осигурување – од професионална одговорност и од одговорност за клинички испитувања.
2009г. – Со преземање на акциите од другите основачи, GOFI –Group of Finance & Investment SA станува единствен акционер на Друштвото.
За неполни девет години, во 2011 година, Еуролинк Осигурување се позиционира на второ место на домашниот пазар на осигурување, а вкупната капитална позиција на Друштвото достигна ниво од 5,4 милиони евра, што претставува пораст од 70% во однос на почетниот акционерски капитал.
2012г. – првата осигурителна компанија на македонскиот пазар за осигурување што во година овозможи продажба на своите полиси преку интернет.
2013/2014 и 2015/2016 година – како резултат на се поголемата препознатливост на Друштвото, македонската јавност го избра Еуролинк Осигурување за Супер бренд.
2015г. – Еуролинк осигурување станува лидер во продажба на приватно здравствено осигурување.
2016г. – За првпат на пазарот во Македонија Еуролинк воведува Семејно приватно здравствено осигурување.
2017г. – Еуролинк на македонскиот осигурителен пазар ја лансира Првата мобилна апликација EurolinkOsiguruvanje
2017г. – второ место на пазарот за неживотно осигурување во Македонија, со над 30 подружници низ цела Македонија, околу 250 вработени, 300 алтернативни дистрибутивни канали (туристички агенции, банки, автодилери и др.).
2018г. – Први на пазарот започнуваме со можноста за купување на полиса за регистрација на возило он-лајн
* * * * *
Еуролинк Осигурување од самиот почеток во потполност ги имплементира европските директиви во доменот на осигурувањето и IAIS* стандардите во клиентскиот сервис и менаџментот на услугите, вложува во постојано стручно усовршување на вработените, во најсофистицираната хардвер и софтвер-технологија, го следи и го антиципира развојот на осигурителниот пазар и ги инкорпорира најдобрите светски искуства во работењето.
Први на пазарот, во 2003 година, промовиравме нов вид ризик во колективното осигурување од незгода – осигурување од тешки болести.
Во 2003 година, за само неколку месеци, развивме најголема мрежа за дистрибуција на патничко осигурување преку туристичките агенции во Република Македонија.
Први на пазарот, во 2007 година, воведовме нов вид осигурување од одговорност на лекарите и здравствените работници, за во 2008 година да креираме два нови вида осигурување – од професионална одговорност и од одговорност за клинички испитувања.
Еуролинк и понатаму ќе остане носител на иновативни потфати што го збогатуваат пазарот со нови производи и со нови вредности, водени од нашата цел да бидеме синоним за успех, доверба и за одговорност.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…
- Еуролинк е прва и единствена осигурителна компанија на македонскиот пазар за осигурување што го воспостави „Еуролинк 24“, центар за поддршка на клиенти, за полиси и штети;
- Еуролинк осигурување е првата осигурителна компанија на македонскиот пазар за осигурување што во 2012 година овозможи продажба на своите полиси преку интернет;
- Еуролинк осигурување е осигурителна компанија што прва воведе програма за лојалност за своите клиенти;
- Летната балетска школа, Школото за уметничко лизгање, уредување на читална и библиотека во Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Пешачка тура за туристичко разгледување на главниот град „Мапа на културата“, поддршка на Македонска опера и балет, на фестивалот „Охридско лето“ и уште многу други активности се дел од платформата за општествена одговорност со наслов „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“;
- Еуролинк осигурување е компанија што инвестира во развојот на пазарот на осигурување и овозможува БИЗНИС-КОМПЛЕТ полиси за заштита на вашиот бизнис за само еден денар за првата година;
- Еуролинк осигурување е лидер во продажба на приватно здравствено осигурување за 2015 година.
*Меѓународна асоцијација на осигурителни супервизори