Започна големата наградна игра на Еуролинк oсигурување

Денес започна големата наградна игра на Еуролинк осигурување.
„Купи онлајн патничко осигурување и освој бесплатно патување“.
Во наградната игра учествуваат сите оние што во периодот од 10 јуни до 31 јули ќе купат онлајн патничко осигурување преку интернет-продавницата на Еуролинк осигурување на: https://shop.eurolink.com.mk/EurolinkWebShop/shop/wizard?type=travel
Еуролинк осигурување најсреќните седуммина ќе ги награди со викенд за двајца во Р Грција.
„Го штедиме времето на нашите онлајн-корисници, со тоа што овозможуваме 24/7 достапност до полиса, во време и место кое најмногу им одговара.
Нашите клиенти сè повеќе ги чувствуваат предностите од можноста да купат осигурување онлајн, особено пред заминување на летните одмори кога се соочуваат со недостиг од време за сите потребни подготовки.
Затоа, се одлучивме за промоција на онлајн-купувањето за кое расте потребата од година во година и преку наградната игра очекуваме сè поголемо актуелизирање на овој начин на купување полиси за осигурување кај нашите граѓани“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.
Среќните добитници ќе се извлекуваат по случаен избор секоја недела и ќе бидат објавени на официјалната интернет-страница и „Facebook“-страницата на Еуролинк.

ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
КУПИ ОНЛАЈН ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ И ОСВОИ БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ”


1. Назив и седиште на трговското друштво
Огранизатор на наградната игра “Купи онлајн патничко осигурување и освои бесплатно патување” е Еуролинк осигурување А.Д. Скопје, со седиште на ул: Никола Кљусев бр. 2, 1000 Скопје (во понатамошниот текст Организатор)

2. Услуги и производи заради чие рекламирање се приредува наградната игра
Наградната игра се приредува заради рекламирање на патничкото осигурување и поттикнување на јавноста активно да се вклучи во своја заштита при патување за време на летните одмори и за себе и своето семејство онлајн да купи полиса за осигурување на туристичка помош – полиса за патничко осигурување.

3. Име, опис и времетраење на наградната игра
Официјално име на наградната игра е “Купи онлајн патничко осигурување и освои бесплатно патување”.
Наградната игра се состои во наградување на клиентите на Еуролинк осигурување на начин што сите договарачи на патничко осигурување кои онлајн ќе купат полиса за патничко осигурување во период од 10.06.2016 година до 31.07.2016 година и ќе ја платат премијата на осигурување учествуваат во наградната игра и се потенцијални добитници на некоја од наградите.
Изборот на добитниците се врши исклучиво по случаен избор.
Наградната игра започнува на 10 јуни 2016 година и трае до 31 јули 2016 година.

4. Опис и содржина на потврдата врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра
Право на учество во наградната игра имаат само полнолетни физички лица кои живеат во Република Македонија, кои во својство на договарач на осигурување во период од 10.06.2016 година до 31.07.2016 година онлајн ќе купат полиса за патничко осигурување и ќе ја платат премијата на осигурување, што претставува основ за учество во наградната игра.
Полисата купена онлајн во периодот од 10.06.2016 година до 31.07.2016 година за која е платена премијата за осигурување, претставува потврда врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра.
Купените полиси во периодот на траење на наградната игра имаат право да учествуваат во сите седум извлекувања наведени во точката 8 од овие Правила.
Добитници на наградите може да бидат само лицата кои ќе се јават како договарачи на осигурување на полисата за патничко осигурување, кои ја платиле премијата на осигурување.
Еднаш извлечен добитник, нема право да учествува во другите извлекувања со истата полиса за осигурување.
Доколку ист договарач на осигурување купи повеќе полиси за патничко осигурување во периодот на траење на наградната игра, со сите купени полиси учествува во наградната игра доколку ја платил премијата на осигурување.

5. Територија на која се приредува наградната игра
Наградната игра се организира и спроведува на територијата на Република Македонија.

 6. Податоци за наградите, поединечна вредност на секоја награда и вкупна вредност на фондот на награди
Наградите  во наградната игра се:

Вид на наградиКоличествоПоединечна цена со ДДВВкупна цена со ДДВ
Викенд за двајца во Грција4 награди9.796,00 денари39.184,00 денари
Викенд за двајца во Грција3 награди9.424,00 денари28.272,00 денари

Во секое извлекување ќе се додели по една награда од целокупниот награден фонд.
Износ на вкупниот награден фонд за целата наградна игра изнесува: 67.456,00 денари.

7. Услови за учество во наградната игра и тек на постапката на приредување на играта
Во наградната игра имаат право на учество само полнолетни граѓани на Република Македонија кои во период од 10.06.2016 година до 31.07.2016 година онлајн купиле полиса за патничко осигурување и ја платиле премијата на осигурување.
Право на учество во наградната игра имаат само полнолетни физички лица кои живеат во Република Македонија, кои во својство на договарач на осигурување во период од 10.06.2016 година до 31.07.2016 година онлајн ќе купат полиса за патничко осигурување и ќе ја платат премијата на осигурување, што претставува основ за учество во наградната игра.
Добитници на наградите може да бидат само лицата кои ќе се јават како договарачи на осигурување на полисата за патничко осигурување, кои ја платиле премијата на осигурување.
Еднаш извлечен добитник, нема право да учествува во другите извлекувања со истата полиса за осигурување.
Доколку ист договарач на осигурување купи повеќе полиси за патничко осигурување во периодот на траење на наградната игра, со сите купени полиси учествува во наградната игра доколку ја платил премијата на осигурување.
Вработените во „Еуролинк осигурување“и вработените во Агенција за маркетинг комуникации и услуги МЕККЕН-ЕРИКСОН ГРУП ДОО увоз-извоз Скопје, како и членовите на нивните потесни семејства немаат право на учество во наградната игра.

8.Постапка и контрола на извлекување на имињата на добитниците на награди
Организаторот ќе состави листа на сите учесници во наградната игра, од која потоа со посебен софтвер, исклучиво по случаен избор, ќе се извлекуваат добитниците на наградите. Во извлекувањето на добитниците нема да влијае човечки фактор.  Извлекувањето ќе се врши во просториите на седиштето на Еуролинк осигурување во присуство на Комисија составена од тројца вработени од Еуролинк осигурување која ќе врши контрола на извлекувањето на наградите.
Извлекувањето ќе се врши на датумите подолу  понеделник во 12,00 часот, последователно седум седмици и тоа:

  • на 20 јуни 2016 година – ќе се извлекува наградата викенд во Грција во вредност од 9.796,00 денари
  • на 27 јуни 2016 година – ќе се извлекува наградата викенд во Грција во вредност од 9.424,00 денари
  • на 04 јули 2016 година – ќе се извлекува наградата викенд во Грција во вредност од 9.796,00 денари
  • на 11 јули 2016 година – ќе се извлекува наградата викенд во Грција во вредност од 9.424,00 денари
  • на 18 јули 2016 година – ќе се извлекува наградата викенд во Грција во вредност од 9.796,00 денари
  • на 25 јули 2016 година – ќе се извлекува наградата викенд во Грција во вредност од 9.424,00 денари
  • на 01 август 2016 година – ќе се извлекува наградата викенд во Грција во вредност од 9.796,00 денари

По завршување на извлекувањето членовите на Комисијата ќе извршат проверка дали извлечените добитници ги исполниле условите за учество во наградната игра од точката 7 од овие Правила и ќе состават Записник за извлекувањето.

9. Објавување на добитниците на наградите
Имињата на добитниците на наградите ќе бидат објавувани на веб страната на Организаторот www.eurolink.com.mk и фан страната на Фејсбук www.facebook.com.mk/eurolinkmk во рок од 2 работни дена од секое поединечно извлекување.

10. Подигање и користење на наградите
Ваучерите за наградите „Викенд за двајца во Грција“ ќе може да се подигнат од седиштето на Организаторот најдоцна во рок од 30 дена од денот на објавување на имињата на добитниците на наградите, при што наградите ќе може да се искористат во период од 02.09.2016 до 04.09.2016 година.
Добитниците не може да ги заменат своите награди за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет/услуга.
Наградите ќе се подигаат на адресата на Организаторот, ул: Никола Кљусев бр. 2, 1000 Скопје.
Доколку добитникот од која било причина не е во можност лично да ја подигне наградата, може да назначи лице кое тоа ќе го стори во негово име со претходно известување на Организаторот.
Ако добитникот го откаже подигнувањето на наградата од која било причина, должен е за тоа да го извести Организаторот.

11. Начин на запознавање со правилата на наградната игра
Правилата на наградната игра ќе бидат објавени пред почеток на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии, на веб страната на Организаторот www.eurolink.com.mk и фан страната на Фејсбук www.facebook.com.mk/eurolinkmk

12. Право на приговор
Секој учесник во наградната игра има право на приговор против Организаторот, во рок од 5 (пет) дена од објавување на резултатите по секое извлекување, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 (три) работни дена од денот на неговото поднесување.

13: Прекинување на наградната игра
Наградната игра може да биде прекината во случај на постоње на  виша сила, вклучувајќи ја неможноста организаторот да ја изведе наградната игра од причини независни од неговата воља. Во овој случај, организаторот треба да ги информира потрошувачите за прекинување на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинот преку сооштение во медиуми.

14: Евентуален спор
Во случај на спор помеѓу организаторот и учесниците во наградната игра, доколку истиот не може да се реши спогодбено, надлежен ќе биде Основниот суд Скопје 2 Скопје.

15. Задолжителни правила
Сите учесници се обврзани да ги почитуваат правилата на наградната игра.

16. Рекламирање
Наградната игра ќе се рекламира во електронските медиуми.