Патување во Грција
За да можете да патувате во Грција, потребни ви се следните документи:
- Потврдена онлајн пријава поднесена на travel.gov.gr
- Доволна е 1 пријава по семејство
- Се пополнува најдоцна 1 ден пред влез во земјата
- Негативен PCR тест не постар од 72 часа или брз антиген тест за патување не постар од 48 часа од сертифицирана лабораторија. За деца до 12 год. не е потребно тестирање
- Валиден сертификат за примена вакцина постар од 14 дена
- Доказ за прележан Ковид-19 стар од 30 до 180 дена
Важно: Граничните премини отсега работат без временско ограничување.
Извор: travel.gov.gr