Вчера вечер на лизгалиштето во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, се одржа завршната претстава на која учествуваа 35 деца, на возраст од 6 до 16 години, кои во текот на еден месец имаа можност да ги изучуваат основните техники на уметничкото лизгање во рамките на бесплатната школа организирана од „Еуролинк осигурување“.
На сите учесници, кои успешно ја завршија школата, им беа доделени сертификати за учество од страна на професионалниот тренер по уметничко лизгање, Ксенија Јаштшењски – Симиќ и асистентот Владимир Поповски.
„Со овој проект успеавме да побудиме спомени од минатото на малку заборавените дружења на градското лизгалиште а воедно и да го актуелизираме уметничкото лизгање и да им овозможиме на најмладите во пријатна и забавна атмосфера да ги совладаат основите на овој грациозен спорт. Поддршката на вакви и слични проекти ќе остане наш фокус и во иднина. “, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.
Ова е единствен проект од ваков тип преку кој им се овозможи на најмладите во текот на зимскиот период да можат активно да спортуваат и да го поминуваат слободното време на креативен и корисен начин.
Пријавањето за учество во школата беше преку Фејсбук профилот на „Еуролинк осигурување“, а на избраните учесници им беа обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во траење од еден месец, брендирана опрема и лизгалки.