ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

ШТО Е ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ?

       Приватното здравствено осигурување ги покрива сите медицински трошоци на осигуреникот, и тоа:

  • Здравствена заштита во приватни клиники (Клиника Жан Митрев, Ремедика, Аџибадем Систина, Санте Плус, Систина Офталмологија, Плодност – Битола, Неуромедика,  Специјалната очна болница „Деница“, ПЗУ Поликлиника Дента ЕС, ПЗУ Дентизар – Специјалистичка ординација по стоматолошка протетика, Стоматолошка ординација Круна МС, Медикал центар Промедика, Приватна здравствена установа-ординација за општа стоматологија и специјалистичка по орална хирургија Дентин – Скопје, Специјалистичка ординација по орална хирургија Драган Лукиќ, Приватна здравствена установа – специјалистичка ординација по ортодонција д-р Маргита Смилева,  Приватна здравствена установа – специјалистичка ординација по кардиологија КАРДИОЛОГИЈА ПРИМА – Скопје и др.); 
  • Избор на лекар и на клиника (во која било земја, по Ваш избор);
  • Договарање термин што Вам Ви одговара;
  • Користење здравствени услуги без упат од матичен лекар, без чекање покритие од партипацијата и без доплата за лекови од листата на ФЗО;
  • Здравствени услуги без ограничување во зависност од типот на прегледот;
  • Директна исплата на трошоци за болничко лекување;
  • Годишна премија за користење здравствени услуги според сопствените потреби;
  • Можност за индивидуална и групна полиса;
  • Можност за вклучување брачни другари до 70 години (обновување до 75 години);
  • Можност за вклучување издржувани лица до 21 година (24 години за студенти).

Еуролинк осигурување нуди следните опции, пакети за приватно здравствено осигурување:

КАКО ДА СТАНЕТЕ КОРИСНИК НА ПРВОТО ПРИВАТНО СЕМЕЈНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ?

Откако ќе го пополните информативниот медицински прашалник, ќе добиете основа за утврдување на Вашата годишна премија за осигурување. Претставник од Еуролинк Осигурување ќе Ви предложи најсоодветна понуда со покритие и премија. По прифаќање на понудата, ќе Ви биде доставена полисата.

За подетални информации за нашата понуда за приватно здравствено осигурување, контактирајте го Вашиот консултант за осигурување, нашиот контакт-центар „Еуролинк 24“ на телефонскиот број 02/ 15 888 или по електронската адреса eurolink24@eurolink.com.mk.