За првпат во Македонија, Еуролинк Осигурување во соработка со *GBG (Global Benefits Group) нуди ексклузивен продукт EUROCARE – ПРВО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ. Наменето е за секој граѓанин, вработен на полно работно време што е дел од задолжителниот здравствен систем. Овој уникатен пакет нуди сеопфатни приватни здравствени услуги во сите земји од светот, без ограничување и исклучиво по избор на клиентот. Максималните покритија се движат до 5 000 000 еур, а може да одберете пакети и територијално покритие според вашите лични потреби.
ШТО Е ПРВО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ?
Приватното здравствено осигурување ги покрива сите медицински трошоци на осигуреникот, и тоа:
- Лекување во приватни клиники
- Избор на лекар и на клиника (во која било земја, по ваш избор);
- Договарање термин што вам ви одговара
- Користење здравствени услуги без упат од матичен лекар, без чекање покритие од партипацијата и без доплата за лекови од листата на ФЗО
- Здравствени услуги без ограничување во зависност од типот на прегледот
- Годишна премија за користење здравствени услуги според сопствените потреби
- Можност за индивидуална и групна полиса;
- Можност за вклучување брачни другари до 70 години (обновување до 75 години)
- Можност за вклучување издржувани лица до 21 година (24 години за студенти)
ШТО ОПФАЌА ЕУРОЛИНК & GBG ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ?
Полисата за ПРВО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедува покритие за непредвидени здравствени проблеми, појавени по датумот на станување корисник на осигурувањето. Во одредени околности може да се понуди и покритие за заболувања што постоеле пред датумот на склучување на полисата, во договор со претставникот од Еуролинк Осигурување.
КАКО ДА СТАНЕТЕ КОРИСНИК НА ПРВОТО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ?
Откако ќе го пополните информативниот медицински прашалник, ќе добиете основа за утврдување на вашата годишна премија за осигурување. Претставник од Еуролинк Осигурување ќе ви предложи најсоодветна понуда со покритие и премија. По прифаќање на понудата, ќе ви биде доставена полиса за доброволно здравствено осигурување.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ
- Европа (со исклучок на Швајцарија, Велика Британија и Русија)
- Цел свет со исклучок на Швајцарија, Велика Британија, Русија, Северна Америка, Кина, Хонг Конг и Сингапур
- Цел свет со исклучок на Северна Америка
- Цел свет (со можност за престој во САД до 3 месеци)
ИСКЛУЧОЦИ
- Трошоци што го надминуваат вообичаениот износ
- Козметичка хирургија и хирургија по избор
- ХИВ
СЕРВИСИРАЊЕ НА ШТЕТИ ВО СВЕТОТ
Како корисник на EUROCARE – ПРВО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ, вие добивате картичка за идентификација од GBG и Еуролинк. Доволно е само да ја покажете картичката за идентификација во која било здравствена установа по ваш избор од здравствените установи во мрежата на GBG и услугата ќе ви биде овозможена. Понатаму, здравствената установа – давателот на услугата директно доставува фактура до GBG и Еуролинк.
Здравствените установи во мрежата на GBG ширум светот и детали за начинот на користење на услугите во овие институции може да ја најдете на следниот линк:
https://providers.gbg.com/
НАДОМЕСТОЦИ ЗА ПЛАНОТ (во Евра) |
ОСНОВЕН |
СРЕБРЕН |
ЗЛАТЕН |
ПЛАТИНЕСТ |
||||||
|
|
|
|
|||||||
ДЕЛ 1 – Медицинска помош и репатријација |
||||||||||
Здравствени информации пред патување |
✓ |
✓ |
✓ |
✓ |
||||||
Здравствени совети на далечина |
✓ |
✓ |
✓ |
✓ |
||||||
Итна помош |
✓ |
✓ |
✓ |
✓ |
||||||
Упат од доктор |
✓ |
✓ |
✓ |
✓ |
||||||
Итно евакуирање |
1.000.000 |
1.000.000 |
1.000.000 |
1.000.000 |
||||||
Здравствени трошоци по репатријација |
✓ |
✓ |
✓ |
✓ |
||||||
Враќање на посмртни останки и локален погреб |
15.000 |
15.000 |
15.000 |
15.000 |
||||||
ДЕЛ 2 – Здравствени трошоци |
||||||||||
Годишен надомест, по лице |
100.000 |
1.000.000 |
2.000.000 |
3.000.000 |
||||||
ХОСПИТАЛИЗИРАНО ЛЕКУВАЊЕ – Сите болнички трошоци вклучувајќи: |
||||||||||
– Сместување, храна, нега – Оперативна сала – Надоместоци за специјалисти – Медикаменти и лекови – Соба за итни случаи и закрепнување – Оддел за интензивна нега и оддел за коронарна нега – Медицински препарати и протетика |
✓ |
✓ |
✓ |
✓ |
||||||
– Сите дијагностички постапки и тестирање – Лабораторија и рендген зраци – Скенери со висока технологија (компјутерска томографија, магнетна резонанса и позитрон- емисиска томографија) |
✓ |
✓ |
✓ |
✓ |
||||||
– Радиотерапија, хемотерапија и онкологија |
✓ |
✓ |
✓ |
✓ |
||||||
– Трошоци за сместување по вечер за родител со дете под 16 години во болница |
30 најмногу 30 дена |
100 најмногу 30 дена |
100 најмногу 30 дена |
100 најмногу 45 дена |
||||||
– Трошоци за сместување дете со мајка доилка која е хоспитализиран пациент |
x |
x |
✓ |
✓ |
||||||
– Паричен надомест по вечер доколку осигуреникот се лекува во јавна болница |
30 најмногу 10 дена |
50 најмногу 10 дена |
100 најмногу 10 дена |
150 најмногу 20 дена |
||||||
– Трансплантација на органи |
50.000 |
100.000 |
150.000 |
200.000 |
||||||
ДНЕВНО ЛЕКУВАЊЕ (ДНЕВНА БОЛНИЦА) |
||||||||||
– Болнички трошоци (по надоместоци за хоспитализирани пациенти добиени како за пациенти за болнички престој) |
✓ |
✓ |
✓ |
✓ |
||||||
АМБУЛАНТСКО ЛЕКУВАЊЕ, без разлика дали е проследено со хоспитализирано лекување: |
||||||||||
– Консултации и лекување со општ лекар и специјалист – Препишани лекови – Дијагностички постапки и тестирање – Лабораторија и рендген зрачење – Скенери со висока технологија |
x |
1.600 |
✓ |
✓ |
||||||
ТЕРАПИИ |
||||||||||
– Радиотерапија, хемотерапија, онкологија |
✓ |
✓ |
✓ |
✓ |
||||||
– Физиотерапија (број на третмани) |
10 |
20 |
30 |
40 |
||||||
ЛЕКУВАЊЕ СО АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА Киропрактика, остеопатија, акупунктура, хомеопатија или кинеска медицина, по првите две посети |
||||||||||
– По полиса за година Максимум |
x |
350 / 10 посети |
750 / 20 посети |
1.500 / 40 посети |
||||||
– По посета Максимум |
x |
40 |
40 |
75 |
||||||
– Полиса за година – Максимум за препишани хемеопатски и кинески билни лекови |
x |
350 |
750 |
1.000 |
||||||
ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ: |
||||||||||
ХРОНИЧНИ заболувања, вклучително и консултации, лекување, медикаменти и болнички трошоци по првите 24 месеци |
x |
3.000 |
3.500 |
7.000 |
||||||
ПСИХИЈАТРИСКА НЕГА |
x |
x |
Вкупно 1.500 |
Вкупно 2.000 |
||||||
ДОМАШНА НЕГА до 90 дена |
x |
x |
✓ |
✓ |
||||||
БРЕМЕНОСТ: |
|
|
|
|
||||||
– Рутинско породување (по 4 месеци покритие) |
x |
x |
2.000 |
10.000 |
||||||
– компликации |
✓ |
✓ |
✓ |
✓ |
||||||
– -патни трошоци во земјата на потекло за породување |
x |
x |
50% |
50% |
||||||
– надоместоци за новороденче, вклучително и нега за новороденче |
x |
x |
x |
75.000 |
||||||
– Новороденче при непокриена бременост (само за незгода и акутно заболување) |
75.000 |
75.000 |
75.000 |
75.000 |
||||||
Физичка РЕХАБИЛИТАЦИЈА по хоспитализирано лекување |
x |
x |
1.000 |
1.500 |
||||||
Патни АМБУЛАНТНИ трошоци |
✓ |
✓ |
✓ |
✓ |
||||||
ПРЕВЕНТИВНА ЗАШТИТА: – Годишни здравствени прегледи |
x |
ИЗБОРНО (со доплата) |
ИЗБОРНО (со доплата) |
300 |
||||||
СТОМАТОЛОШКА: |
|
|
|
|
||||||
– итно лекување по незгода |
x |
500 |
1.500 |
4.000 |
||||||
– стоматолошка грижа (25% партиципација, шестмесечен период на чекање) |
x |
ИЗБОРНО |
500 |
3.000 |
ДЕЛ 3 – Дополнителни патни трошоци и трошоци за сместување |
||||
ПАТНИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ Патни трошоци и трошоци за сместување за едно лице во придружба на осигуреникот по итна евакуирање или во случај на враќање на посмртни останки (по лице/по евакуирање) |
3.500 |
3.500 |
3.500 |
3.500 |
ПАТНИ И ТРОШОЦИ И ТРОШОЦИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИДРУЖНО ЛИЦЕ Како резултат на сериозна незгода или смрт на семеен член (најмногу едно лице) (по лице/по евакуирање) |
3.500 |
3.500 |
3.500 |
3.500 |
Сите трошоци за сместување се ограничени на најмногу 15 дена и мора да претставуваат разумни и вообичаени трошоци. Обесштетувањето на трошоци за повратно патување важи само доколку настанале во првите три недели по враќање во земјата на потекло. |
ДЕЛ 4 – Паричен надомест за хоспитализирање и закрепнување |
||||
ХОСПИТАЛИЗИРАЊЕ – започнува по 28 последователни дена. Важи за најмногу 50 последователни дена од покритието (по целосен ден) |
x |
ИЗБОРНО (со доплата) |
ИЗБОРНО (со доплата) |
100 |
ЗАКРЕПНУВАЊЕ – започнува по првата целосна недела (по целосна недела/најмногу 10 недели) |
x |
500 |
500 |
500 |
За детални информации обратете се до вашиот продажен консултант или побарајте информации на eurolink24@eurolink.com.mk.