ПРИВАТНО СЕМЕЈНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Преземете индикативна понуда за приватно семејно здравствено осигурување

Во денешно време, благодарение на современата медицина и квалитетните третмани, речиси сите болести се излечиви доколку се лекуваат правилно и навреме. Но, достапноста до современите здравствени установи не секогаш е лесна. Токму затоа, ние во Еуролинк осигурување го нудиме најдоброто приватно семејно здравствено осигурување, кое Ви овозможува Вам и на Вашето семејство пристап до квалитетни превентивни прегледи, навремена докторска нега и лекување во најсовремените здравствено установи во РС Македонија и во Европа.

Обезбедете си ја грижата и негата што ја заслужувате, затоа што Вашето здравје и здравјето на Вашето семејство се најважни!

Затоа го препорачуваме најдобриот продукт за приватно здравствено осигурување ПРИВАТНОТО СЕМЕЈНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ со кој се овоможува здравствена заштита на целото семејство во најпознатите, најдобрите и најмодерните приватни здравствени установи во Република Македонија и во Европа, без ограничување и по избор на клиентот.

Листа на сите приватни здравствени установи со кои Еуролинк осигурување има директна соработка:

Општи болници, хирургија, специјалистички ординации и болници:

Клиника Жан Митрев, Ре-Медика, Аџибадем Систина, Санте Плус, Плодност – Битола, Неуромедика,  Медикал центар Промедика, ЈЗУ 8ми Септември – Скопје, Систина Офтамологија – Скопје, Специјалната очна болница „Деница“, ПЗУ Европска очна болница, ПЗУ Геномикс, ПЗУ Општа болница Еуроиталија Скопје – Петровец, ПЗУ One Hospital, ПЗУ Прима мед, ПЗУ Аполонија – Штип, ПЗУ специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство ХИСТЕРА, ПЗУ ординација по интерна медицина д-р МАЈА ШУШЛЕВСКА – Скопје, ПЗУ специјалистичка ординација по кардиологија КАРДИОЛОГИЈА ПРИМА – Скопје и други.

Лаборатории и дијагностика:

ПЗУ НИКОБ Медикал, ПЗУ НИКОБ Лаб, ПЗУ Дијагностичка лабораторија АВИЦЕНА и други.

Стоматологија:

ПЗУ ординација по општа стоматологија д-р Пети, ПЗУ ординација по општа стоматологија Царчев – Чортаноски, ПЗУ ординација по стоматолошка протетика Дентизар – Скопје, Стоматолошка ординација Круна МС, ПЗУ ординација за општа стоматологија и специјалистичка по орална хирургија Дентин – Скопје, ПЗУ ординација по стоматолошка протетика и ортодонција д-р Благоевски – Скопје, ПЗУ специјалистичка ординација по ортодонција д-р Маргита Смилева, ПЗУ ординација по орална хирургија НОВА ДЕНТАЛ ХИРУРГИЈА, ПЗУ стоматолошка ординација д-р Ташевски, ПЗУ Поликлиника ДЕНТАЛ АРТ – Скопје, ПЗУ ординација по општа стоматологија ЕТЕРНАДЕНТ, ПЗУ ординација по општа стоматологија БЛЕК – Кавадарци, ПЗУ ординација по орална хирургија ВЕГА ИМПЛАНТОЛОГИЈА – Скопје, ПЗУ ординација по општа стоматологија Нордија – Скопје, ПЗУ ординација по општа стоматологија Луксори Дентал Студио Скопје, ПЗУ ординација по општа стоматологија ДИЛЕВСКИ – Скопје, ПЗУ ординација по ортодонција МАРТА ДАМЈАНОВСКА – Куманово и други.

Погледнете ги пакетите и одберете ја најдобрата заштита за вашето семејство:

ПАКЕТИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА ПОРОДУВАЊЕ, ОФТАЛМОЛОГИЈА, СТОМАТОЛОГИЈА И ТРОШОЦИ ЗА НЕИНАВНЗИВНИ ПРЕНАТАЛНИ ТЕСТОВИ
Полисата за приватно семејно здравствено осигурување со вклучени трошоци за породување, можност да се склучи договор за осигурување во било кој период од бременоста.
Приватното семејно здравствено осигурување не ги исклучува трошоците за лекување на хронични болести настанати по истек на првите 6 месеци по почеток на осигурувањето!

Додека осигуреникот е хоспитализиран, покриени се болнички трошоци за:

  • Сместување во болничка соба;
  • Специјалиситички и дијагностички постапки, вклучително и патологија, Х-зраци, КТ-скен,
  • MRI-скеновите PET-скенови,
  • Хируршка операција/интервенција,
  • Болнички материјали, лекови и завои пропишани од страна на лекар,
  • Ангажиран болнички персонал, хирург, специјалист, анестезиолог;
  • Користење интензивна нега,
  • Користење операциона сала.

Со овој продукт се предвидуваат и трошоци за превентивни прегледи по избор на осигуреникот без претходна индикација како на пример:

  • Гинеколошки преглед: ПАП-тест, ултразвук, гинеколошки преглед,
  • Кардиолошки преглед: консултативен преглед, ултрасонографски преглед,
  • ЕКГ,
  • Комплетна дијагностика на гради: клинички преглед, ултразвук на дојка,
  • Мамографија,
  • Уролошки преглед: консултативен преглед, ехо на простата, ПСА (тумор-маркер),
  • Интернистички преглед:  консултативен преглед, ехо на абдомен,
  • Стоматолошки прегледи,
  • Офталмолошки прегледи,
  • Лабораторски анализи: крвна слика, серумско железо – Fe, седиментација – SE, уринарен статус, уринарен седимент, гликемија,
  • HgA1C – гликолизиран хемоглибин, холестерол, триглицериди, HDL – липопротени со висока густина,
  • LDL – липопротеини со ниска густина, уреа, креатинин, ацидум урикум, вкупен билирубин, директен билирубин, AST (GOT); ALT (GPT), GGT Gamma – glutamul transferase,TSH и слободен Т4 Тироидни хормони, PSA.

Територијална важност:

  • Република Македонија за покритијата „ОСНОВНО” и „КОМФОР”
  • Европа без Велика Британија, Русија и Швајцарија, за покритието „ПРЕМИУМ”

ЗОШТО ПРИВАТНО СЕМЕЈНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ?

  • Директна исплата на трошоците за лекување кон приватните здравствени установи за болничко лекување и трошоци за породување.
  • Заедничка осигурена сума/лимит како максимална обврска на осигурувачот за сите членови на семејството
  • Членови на семејството се брачни другари на возраст до 64 години и деца на возраст од 1 до 30 години.

Преземете ја индикативната понуда на овој линк

Контактирајте го вашиот консултант за осигурување или јавете се во центарот за поддршка на клиенти „Еуролинк 24” на 02/15 888.

КАКО И ЗОШТО СЕМЕЈСТВАТА ГО КОРИСТАТ СЕМЕЈНОТО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕУРОЛИНК – ДОСЕГАШНИ ИСКУСТВА

  • Заради ДИРЕКТНА ИСПЛАТА НА ТРОШОЦИ во моментите кога ни е најпотребно, брзо и едноставно, без упати и чекање!

Колешката Радмила од Секторот за штети го раскажува примерот за господин кој лично користи Премиум пакет за Семејно приватно здравствено осигурување. “Во 15:45 во петок, господинот се јавува од дома дека не се чувствува добро и дека му се кочи раката. Го советуваат некој да го префрли во приватна здравствена установа. Итно го пренесуваат  во приватна болница каде што му констатираат прединфарктна состојба. Од болницата се јавуваат во Еуролинк за да известат дека имаат пациент со осигурување од Еуролинк, нашите колеги го одобруваат барањето добиено од болницата и веќе во понеделник наутро Еуролинк авторизира и  директна исплата на средствата на болницата. Господинот закрепнува и се завршува добро за неговото здравје, но и за буџетот на семејството, зошто вкупниот трошок за болничкото лекување беше 5.500 евра, а исплатата ја изврши Еуролинк директно кон болницата.”

  • Заради тоа што ГИ ВКЛУЧУВАМЕ СИТЕ ОПШТИ И СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ПРЕГЛЕДИ без ограничување на број на прегледи

Случувањето со нас го споделува консултантот за продажба Александар, чијшто клиент семејна повозрасна жена секој пат кога ќе се јави го изразува своето задоволство од одлуката да го има Семејното приватно здравствено осигурување на Еуролинк. “На мојата клентка, во првата година од осигурувањето и дијагностицираат проблем со тироидна жлезда. Еуролинк ја прифаќа дијагнозата која настанува по склучувањето на договорот и ја известуваме клиентката дека компанијата ќе го покрие лекувањето според пакетот што го има клентката, пакетот Комфорт. Госпоѓата ги прави сите испитувања и ги рефундира трошоците во Еуролинк. Секојпат кога доаѓа за рефундација на средствата го искажува своето задоволство од тоа што има приватно семејно здравствено осигурување кое ја растеретува од трошоци и може да си ги дозволи сите испитувања што се потребни во приватните здравствени установи.  Секој преглед само консултации и лабораториски услуги чинат 2.500 денари, кои се рефундираат од страна на Еуролинк. задоволството на мојот клиент е и мое задоволство и секако најдобра препорака за овој уникатен и квалитетен продукт.

  • Заради тоа што ОВОЗМОЖУВАМЕ ВРВНА НЕГА И ГРИЖА ЗА ВАШИТЕ НАЈМИЛИ

Корисниците кои ги следат трендовите и сакаат да имаат подобар квалитет на животот, подобра здравствена заштита на своите деца, а при тоа да имаат контрола на семејниот буџет, го одбираат Семејното приватно здравствено осигурување на Еуролинк и ги користат бенефитите од истото. Продуктот се покажува полн погодок за наши клиенти -младо семејство корисници на семејно приватно здравствено осигурување со три деца по две години разлика. Семејството го користи пакетот Перимум и ги лекува децата од вирози, настинки во приватна здравствена установа, а потоа ги рефундираат средствата во Еуролинк. Во текот на осигурувањето на првото дете  му дијагностицираат воспалени крајници и оперативно ги отстрануваат во приватна болница. Еуролинк прави директна исплата на средствата кон болницата за оперативниот зафат и болничкото лекување (во износ од околу  1.000 евра), а потоа за секој месечен контролен преглед средствата се рефундираат. “Семејството е задоволно од здравствената грижа што ја имаат во приватните здравствени установи и од осигурувањето кое им ги покрива трошоците, со оглед на фактот дека само преглед на дете е околу 1.200 денари без брисеви, ЦРП или лабораториски услуги. Убедени сме дека долго ќе бидат наши клиенти” – вели Петар од Секторот за осигурување кој им ја изработи полисата на младото семејство.

  • Заради тоа што НЕ СЕ ПОТРЕБНИ УПАТИ, ЧЕКАЊЕ НА ТЕРМИНИ И САМИТЕ БИРАТЕ ЛЕКАР

И светското искуство покажува дека луѓето откако ќе го купат приватното семејно здравствено осигурување стануваат поодговорни за своето здравје. Се охрабруваат да прават превентивни прегледи, зошто осигурувањето им штеди време и пари. Пример за тоа е и една наша клиентка од Битола, госпоѓа која една година е клиент во Еуролинк и го користи превентивниот преглед на кој и е најдена грутка во градата. Направенени и се сите прегледи во приватна здравствена установа – мамографија, томографија, компјутер, биопсија и хистопатологија. За среќа утврдено е дека е бенигно. Износот за сите испитувања е огромен, а клиентката е задоволна што осигурувањето и ги покрива сите испитувања и го изразува своето задоволство од високо професионалниот однос на нашите колеги, и од приватната здравствена установа. Трошоците само грубо за прегледите се околу 1.500 евра. “Иако здравјето нема цена, сепак е огромно олеснување кога имате рефундација на трошоците од приватните здравствени установи и не чекате за упати, термини или одобрување – што се пресудни фактори при некои дијагнози. Едноставно ги користите здравствените услуги каде и како што сакате, а осигурувањето ги покрива трошоците.” – изјавува нашата клиентка, која го продолжи осигурувањето на уште две години и вклучи и дополнителен пакет заради користење на стоматолошки услуги.

  • Заради тоа што е ВАЖНО ДА ИМАТЕ НАЈДОБРА ДИЈАГНОЗА

Искуството во овој случај ни го пренесува лекар, специјалист од приватна здравствена установа:  “На млад дечко под 30 години, активен спортист му се појавува проблем со уринарен тракт. По уролошкиот преглед од моја страна направени се магнетна резонанца и ехо, PSA за простата и сите потребни тестови за да се установи точната дијагноза. Утврдено му е неправилна функција и зголемена простата. Направена е операција во приватна здравствена установа. Трошоците за прегледите и оперативното лекување беа покриени од страна на Еуролинк. Според сведочењето на пациентот, самиот кажа дека доколку немал приватно здравствено осигурување немал да ги направи сите потребни тестови, и ситуацијата би се влошила. Точната дијагностика е пресудна за правилното лекување, затоа е битно за нас како лекари да ги направиме сите прегледи, за пациентите не е секогаш финансиски прифатливо да се направи се, но во ваков случај кога пациентот има приватно здравствено осигурување, треба да се грижи само поскоро да закрепне и да ги слуша препораките на лекарот.”
Во приватните здравствени установи со тоа што осигурувањето ги покрива трошоците, клиентите се решеваат да  ги направат сите испитувања без исклучок, а Еуролинк го поддржува и покрива тоа со оглед на тоа што и осигурителната компанија сака да има навремени дијагнози и да спречи пообемни и ненавремени лекувања кои се и поскапи. 

  • Заради тоа што со приватното семејно здравствено осигурување имате можност да изберете пакет со дополнителен ризик за покривање на трошоци за породување, трошоци за стоматолошко и офталмолошко лекување и покривање на трошоци за неинвазивни пренатални тестови

Колешката Mелита од Секторот за процена и ликвидација на штети, раскажува за млад брачен пар кој го купил продуктот  Семејно приватно здравствено осигурување пред се заради покритието на трошоци за породување, офталмолошко и стоматолошко лекување, кое осигурувањето го исплтаува директно во приватната болница. Таа ни го раскажува искуството со своите клиенти: “Млад брачен пар го купува семејното приватно здравствено осигурување и дополнителниот пакет за покривање на трошоци за породување, офталмолошко и стоматолошко лекување заради тоа што им е попривлечно одколку да земат кредит. Младата жена успешно се породува во приватна болница, Еуролинк осигурување директно ги исплатува трошоците за породување кон болницата. Набрзо мајката мора да биде хоспитализирана заради друга болест  и во случај да биде во државна клиника не би била покрај бебето. Во овој случај мајката се одлучува за хоспитализација во приватна болница, трошоците ги покрива Еуролинк за болничкото лекување, а бебето е заедно со мајката и таа може да го дои. Во овој случај иако првенствено Семејното приватно здравствено осигурување беше купено заради трошоците за породување, сепак бенефитите ги искористи младото семејство во миговите кога им беше најважно.

Не чекајте! Обезбедете и вие врвна здравствена заштита за вашето семејство. Контактирајте го вашиот консултант за осигурување или јавете се на телефонот 02/15 888, или е-маил: eurolink24@eurolink.com.mk.

Добро здравје!
Ваш Еуролинк