Mај 2016 – месец на пливањето со проф. Д-р Наташа Мешковска и Еуролинк Осигурување.
Деца на возраст од 8 до 10 години ќе можат бесплатно да пливаат на базенот Карпош при Спортскиот Центар Борис Трајковски во Скопје, под раководство на професионалниот тренер проф. д-р Наташа Мешковска.
Родителите можат да ги пријават своите деца со испраќање порака на електронска адреса plivajiuzivaj@eurolink.com.mk со следните податоци:
– Име и презиме на детето – учесник
– Возраст
– Висина
– Тежина
– Име и презиме и контакт телефон (родител)
Пријавувањето почнува од 28.04.2016г. (четврток) до 09.05.2016г. (понеделник).
Селекцијата на пријавените учесници ќе се одржи на 12.05.2016г. (четврток) на базенот Карпош при СЦБТ и ќе ја врши стручен тим, под раководство на проф. др. Наташа Мешковска, кој ќе избере 45 деца на возраст од 8 до 10 години.
Критериумот за селекција е секое пријавено дете да може да исплива 25 метри со помош на пливачко помагало – пловка.
Активностите почнуваат од 17.05.2016г.
“Еуролинк осигурување” на избраните кандидати ќе им обезбеди бесплатни термини за пливање, два пати неделно, во траење од еден месец, пливачки капчиња, пешкири и пливачки помагала.
Останатиот дел од опремата, костими за капење, наочари и папучки родителите ќе треба сами да ги набават во задолжително сина или сива боја.
Оваа активност е дел од корпоративната платформа за општествена одговорност “Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности”.
Пливајте и уживајте!