“Се дружиме и пливаме со проф. Д-р Наташа Мешковска и Еуролинк Осигурување”

Mај 2016 – месец на пливањето со проф. Д-р Наташа Мешковска и Еуролинк Осигурување.
Деца на возраст од 8 до 10 години ќе можат бесплатно да пливаат на базенот Карпош при Спортскиот Центар Борис Трајковски во Скопје, под раководство на професионалниот тренер проф. д-р Наташа Мешковска. 
Родителите можат да ги пријават своите деца со испраќање порака на електронска адреса plivajiuzivaj@eurolink.com.mk со следните податоци:
– Име и презиме на детето – учесник
– Возраст
– Висина
– Тежина
– Име и презиме и контакт телефон (родител)

Пријавувањето почнува од 28.04.2016г. (четврток) до 09.05.2016г. (понеделник).

Селекцијата на пријавените учесници ќе се одржи на 12.05.2016г. (четврток) на базенот Карпош при СЦБТ и ќе ја врши стручен тим, под раководство на проф. др. Наташа Мешковска, кој ќе избере 45 деца на возраст од 8 до 10 години. 
Критериумот за селекција е секое пријавено дете да може да исплива 25 метри со помош на пливачко помагало – пловка.

Активностите почнуваат од 17.05.2016г.

“Еуролинк осигурување” на избраните кандидати ќе им обезбеди бесплатни термини за пливање, два пати неделно, во траење од еден месец, пливачки капчиња, пешкири и пливачки помагала. 
Останатиот дел од опремата, костими за капење, наочари и папучки родителите ќе треба сами да ги набават во задолжително сина или сива боја.
Оваа активност е дел од корпоративната платформа за општествена одговорност “Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности”.

Пливајте и уживајте!