Дебата на Bloomberg Adria за важноста на имотното осигурување за правни лица

Г-ѓа Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување, беше дел од дебатата “Not so small talk” во организација на Bloomberg Adria, каде главна тема беше имотното осигурување за правните лица, придобивките од ова осигурување и практиките на македонскиот осигурителен пазар.

Г-ѓа Томеска ја истакна важноста од осигурувањето на имотот кај правните лица како и фактот дека во време на криза е вистинскиот момент сите деловни субјекти да ги намалат ризиците по своето работење. Во овој контекст, таа препорача секој бизнис, без оглед на големината, да си обезбеди континуитет во работењето преку склучување на договор за осигурување, што ќе ги покрие градежните објекти, залихата, опремата и прекинот на работа, затоа што имотот вреди повеќе само кога е осигуран на време. Г-ѓа Томеска се осврна и на позитивното искуството што Еуролинк осигурување го има како лидер на пазарот во Осигурување на објекти во градба и осигурување на најголемите инфраструктурни објекти во државата.

Во дебатата учествуваа и г-дин Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, г-ѓа Елена Наумовска, професорка на Економскиот факултет и Катерина Николов, извршен директор на „Фортон МКА”..

Во рамки на двочасовната дебата, говорниците ги лоцираа главните предизвици кај имотното осигурување за правните лица, ги потенцираа ризиците на кои се изложени овие бизниси и начините на кои можат да обезбедат посигурна и попродуктивна работна средина со помош на имотното осигурување.


Прочитајте на линкот извадок од заклучоците и насоките за идни подобрени решенија.