Еуролинк осигурување на првата Конференција за недвижности

На 10 мај во Скопје се одржа првата Конференција за недвижности во организација на Forton Macedonia, каде Еуролинк со задоволство се вклучи како сребрен спонзор.

Во рамки на вториот панел со тема „Финансирање на проекти”, говорник беше г-ѓа Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување. Г-ѓа Томеска ја истакна важноста на имотното осигурување при финансирање на проекти и сподели дел од искуството на компанијата како лидер на пазарот во Осигурување на објекти во градба.

Конференцијата беше можност за професионалците од индустријата да ги споделат своите мислења и ставови, а за Еуролинк осигурување претставуваше одлична прилика да се истакне важноста на имотното осигурување како суштински дел од сопственоста или закупот на имот.

Повеќе за Конференцијата можете да најдете на овој линк