Балетска школа на Еуролинк

Скопје, 5.6.2019 г., Еуролинк осигурување и оваа година продолжува со уште една балетска приказна наменета за девојчиња и момчиња на возраст од 7 до 12 години.
Еуролинк балетската школа досега успешно воведе 210 деца во техниките на класичниот балет, а за некои од нив балетот стана нивна професионална определба и веќе ја посетуваат редовната настава во Државниот музички балетски училишен центар.
И оваа година компанијата објавува оглас за прием на нови 50 девојчиња и момчиња кои во летниот период ќе ја следат наставата под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец во Македонската опера и балет.
Родителите можат да ги пријават своите деца од 5.6.2019г (среда) до 11.6.2019г (вторник) на електронската адреса letnabaletskaskola@eurolink.com.mk, со испраќање на следните податоци: фотографија на детето, возраст, висина, тежина, број на балетанки, информации за претходно балетско искуство, контакт-телефон од родителот.
Летната балетска школа ќе трае три недели, учесниците ќе бидат поделени во две групи, според возраста и претходното искуство. Часовите започнуваат од 19.6.2019 г. до 10.7.2019 г, секој понеделник, среда и петок со почеток од 18:00 до 19:00 часот и од 19:00 до 20:00 часот, во просториите на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“
Селекцијата на пријавените кандидати ќе ја врши проф. Горан Божинов.
Активноста е дел од платформата за Корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, која годишно реализира повеќе активности од областа на културата, уметноста и образованието во Р.С. Македонија.