Бизнис комплет караванот повторно во Скопје

ЗАВРШИ ПРВИОТ ЦИКЛУС НА БИЗНИС-КАРАВАНОТ НА „ЕУРОЛИНК“

Вчера попладне во преполната сала на хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа голем бизнис-настан, кој го означи крајот на првиот циклус на Бизнис-комплет караванот на „Еуролинк oсигурување“.

Повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микро претпријатија од Скопје имаа можност да се запознаат со Бизнис-комплет пакетот, со предностите на осигурувањето, како и со ризиците и опасностите во секојдневното работење.

Бизнис-комплет е сеопфатен уникатен осигурителен пакет кој покрива различни осигурувања, како што се осигурување од пожар и други опасности, кражба и разбојништво, кршење стакло, прекин на работа, одговорност и незгода за вработените. Пакетот е предвиден како целосно осигурување за микро и за малите бизниси кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијални продавници, минимаркети, аптеки, парфимерии, козметички салони, кафулиња и др.

Бизнис-комплет караванот почна во Скопје во март, по што следуваа повеќе настани во Струмица, Прилеп, Битола и во Штип во текот на месеците април и мај, за повторно да се врати во главниот град со завршен настан.

„Презадоволни сме од успехот на првиот циклус од Бизнис-комплет караванот и од интересот на кој наидовме низ градовите во Македонија. Ова е повеќе од доволен показател дека создадовме продукт кој ќе даде вистинска поддршка и ќе придонесе малите претпријатија посигурно да чекорат кон остварување на своите бизнис-цели. Преку караванот лично се запознавме со потребите на малите бизниси и проблемите со кои тие се соочуваат, што за нас претставува вистинска мотивација и причина да продолжиме да креираме и да развиваме нови и иновативни осигурителни решенија“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на „Еуролинк осигурување“.

Бизнис-комплет караванот во текот на месецот септември ќе продолжи со вториот циклус низ останатите градови во Македонија.