На Генералното собрание на Советот на Бироата СОБ донесена е едногласна одлука Бирото на Црна Гора да стане полноправен член на Советот на Бироа, без преоден период, со датум од 01.01.201, но поради некои субјективни причини, официјално е прифатено членството од 01.02.2012. Зелените карти на останатите бироа, членки на Советот, должни се до 31.12.2013 да ги извршат промените во зелените карти, односно да ја внесат и Црна Гора во поле 8 од задолжителната форма и содржина на ЗК, како и на задната страна каде се наведени адресите и телефоните за контакт со Националните Бироа.