Нови пакети за осигурување од општа и професионална одговорност

Еуролинк Осигурување, како компанија која континуирано е во чекор со новите осигурителни трендови и ја осовременува својата понуда, претстави нови пакети за осигурување од одговорност. Новата атрактивна понуда за осигурување од одговорност е наменета за здравствените работници, проценителите и сметководителите по конкурентни услови и премии.

Новите законски прописи пропишуваат задолжително осигурување од одговорност за професионалците од овие дејности, со што здравствените работници, проценителите, а наскоро и сметководителите се приклучуваат на нотарите, адвокатите, извршителите и останатите професии кои се законски обврзани да обезбедат осигурителна полиса од професионална одговорност.