Еуролинк осигурување и Т-mobile

Еуролинк Осигурување на 17.04.2013г., додели три награди на најуспешните продавачи на осигурување на електронска опрема во T-Mobile.  

Вредносните ваучери отидоа во рацете на најдобриот продавач, најдобриот менаџер  како и за вработените на најуспешниот продажен салон на T-Mobile во Р. Македонија, салонот во Куманово.

Во чест на добитниците, Еуролинк Oсигурување организираше коктел во својата подружница во Куманово на кој вработените на Еуролинк Осигурување ги споделија своите продажни искуства со добитниците на наградите.