Возбудлива нова соработка со Brainster! Еуролинк осигурување е новата компанија-соработник во рамки на Brainster Learning Partners, програма создадена со цел на студентите да им пружи можност да соработуваат на тековни и идни проекти со компании кои сакаат да иновираат и менуваат. Еуролинк осигурување, како компанија за која иновацијата и новите идеи се движечка сила во секое поле од работењето, со задоволство се вклучи во програмата.
Подготвивме неколку задачи за студентите на Академијата за графички дизајн, кои произлегуваат од секојдневните вистински деловни предизвици, со што ќе придонесеме во стекнувањето работно искуство на идните графички дизајнери и ќе дадеме реална поддршка во едукативниот процес.
Со нетрпение ги очекуваме првите нови идеи од студентите на Академијата за графички дизајн!
Повеќе за соработката можете да прочитате на следниот линк.